Денеска ( петок) со почеток во 13.30 часот во големата сала на Општина Охрид ќе се одржи јавна дебата на тема: “Унапредување на правата на заедниците и улогата на комисиите за односи меѓу заедниците, во локалните самоуправи”.
На дебатата, свое излагање ќе имаат м-р. Илхан Рахман, директор на Агенцијата за остварување на правата на заедниците под 20%, д-р. Сретен Коцески, извршен директор на Институтот за развој на заедницата и проф-д.р. Рубин Земон, од Универзитет Евро-Балкан -Скопје.
Истовремено, настанот ќе биде искористен и за промоција на Агенцијата за остварување на правата на заедниците под 20%, како механизам за унапредување на правата на етничките заедници во Општина Охрид и во Република Македонија.
Организатори на дебатата се: Агенцијата за остварување на правата на заедниците и Здружението “Инклузија“ од Охрид.
Публицитет,мк