Во светот на забавата , особено филмот и музиката, многу познати личности кои стекнале светска слава и кои ги знаеме по нивните имиња , своите славни имиња и презимиња ги промениле во текот на својата кариера. Тоа го направиле од повеќе причини. Некои заради тоа што нивните родени имиња не звучеле атрактивно а некои заради тоа што тешко се изговарале и запомнувале.Навистина огромен е бројот на познати актери и режисери чии уметнички имиња немаат допирни точки со имињата со кои се регистрирани во книгите на родените.
Во неколку продолженија ќе ве потсетиме на некои од нив .
Познатата француска актерка АНУК ЕМЕ , која постигна светска слава со улогата во филмот „ Еден човек и една жена“ на режисерот Клод Лелуш , е родена во 1932 година како ФРАНСОАЗ СОРАЈА.
Зад името АЛАН СТЈУАРТ КОНИГСБЕРГ се крие познатиот режисер и актер ВУДИ АЛЕН, повеќекратниот Оскаровец кој е роден на 1. декември 1935 година во Њујорк.
Познатата актерка ЏУЛИ ЕНДРЈУС , која се прослави со улогите во филмовите „Моите песни, моите сништа“ и „ Мери Попинс“ е родена како ЏУЛИЈА ВЕЛС на 1.октомври 1935 година во Англија.
Ако го задржела роденото презиме АНИСТОНАПУЛАС , познатата актерка ЏЕНИФЕР АНИСТОН , која се прослави со телевизиската серија „ Пријатели“ и со бракот со Бред Пит, сигурно потешко ќе беше запаметена кај нејзините фанови.
Родена како ЕН – МАРГРЕТ ОЛСОН во 1941 година во Шведска сигурно би било вообичаено име и презиме на некој што е роден во оваа северноевропска земја.Но откако на шестгодишна возраст со своите родители ќе се преселила во САД ,и откако зачекорила во светот на забавата , едноставно станала позната како ЕН – МАРГРЕТ.
Можеби малкумина знаат дека вистинското име на познатиот актер и извонредниот танчер ФРЕД АСТЕР е ФРЕДЕРИК АУСТЕРЛИЦ . Тој бил роден во 1899 година во Омаха, Небраска , САД а со танчерство започнал на петгодишна возраст. Почина во 1987 година.
Вистинското име на познатата холивудска актерка ЛОРИН БЕКОЛ ,која беше сопруга на Хемфри Богарт, е БЕТИ ЏОАН ПЕРСКЕ . Таа беше родена во 1924 година а почина во 2014 година.Беше позната под прекарот БЕТИ ПОГЛЕДОТ.
Најпознатиот француски секс симбол од пеесетите и шеесетите години , познатата актерка БРИЖИТ БАРДО , е родена како БРИЖИТ АН – МАРИ БАРДО во 1934 година.
Нејзиното уметничко име беа нејзините ницијали ББ, како француски одговор на американскиот секс симбол ММ односно Мерилин Монро.
Зад името ЧАРЛС ДЕНИС БУЧИНСКИ се крие познатиот актер ЧАРЛС БРОНСОН кој беше познат и по неговиот прекар ГРДИОТ . Неговите родители по потекло биле литванци кои се доселиле во Америка. Инаку , овој познат актер бил роден во 1921 година во Ехренфилд во државата Пенсилванија во САД а починал во 2003 година.
Двојниот сопруг на филмската дива Елизабет Тејлор, РИЧАРД БАРТОН беше роден во 1925 година.Неговот витинско име било РИЧАРД ВОЛТЕР ЏЕНКИНС. Се прослави со голем број на извонредни актерски креации (1984, Убиецот на Троцки,Ноќите на Игуана, Кој се плаши од Вирџинија Вулв, Сутјеска, Александар Велики … и разбира се :Клеопатра). Почина во 1984 година.
Познатиот англиски актер МАЈКЛ КЕЈН, кој во својата долгогодишна кариера остварил околу 170 филмски и телевизиски улоги, е роден во 1933 година како МОРИС ЖОЗЕФ МИКЛВАЈТ.Во 2000 година е прогласен за Витез од страна на англиската Кралица Елизабета Втора за неговиот придонес во светот на филмот.
Оскаровецот НИКОЛАС КЕЈЏ е роден на 7 јануари 1964 година во Лонг Бич, Калифорнија, САД. Неговото родено име било НИКОЛАС КИМ КОПОЛА. Неговиот татко Аугуст Копола е роден брат на познатиот режисер Френсис Форд Копола. Дебитирал на филмското платно во 1982 година како Николас Копола. Не сакајќи во иднина презимето Копола да му пречи во понатамошната кариера тој во 1983 година го сменил името во НИКОЛАС КЕЈЏ земајќи го презимето Кејџ од стриповскиот јунак Лук Кејџ.
Ако го задржала целото име и презиме, ШЕРИЛИН САРКАЗИАН ЛА ПИЕР,сигурно малкумина ќе се обиделе да го запаметат. Но кога таа го скратила само на три букви и го усвоила името ШЕР, тоа станало лесно за паметење. Сигурно името секако не била главната причина таа да стане позната пеачка а нешто подоцна и актерка. Најпрвин таа беше дел од музичкиот дует „Сони и Шер“ за подоцна да започне успешна соло кариера која трае и ден денес.Нејзин актерски бренд е филмот „Фасцинирана од месечината“за кој го освои Оскарот за најдобра женска улога во 1987 година.
Една од најголемите филмски ѕвезди на Холивуд , ГЕРИ КУПЕР, бил роден како ФРЕНК ЏЕЈМС КУПЕР во 1935 година.а починал од рак во 1961 година.Бил мошне популарен а негов заштитен знак е филмот „ Точно на пладне“ за кој во 1952 година го освои Оскарот за најдобра машка улога.
Интересно е дека тој имал неколку прекари:Куп, каубојот Купер, Мазгата од Монтана и Пастув.
Познатата холивудска актерка ЏОАН КРАФОРД(1906–1977)многумина ја паметат по улогата во филмот„ Што се случи со Бејби Џејн“ каде играше заедно со уште една голема филмска ѕвезда Бет Дејвис. Малкумина знаат дека нејзиното вистинско родено име е ЛУСИЛ ФЕЈ ЛЕ СЕР.Името го сменила уште во самиот почеток од нејзината актерска кариера во 1925 година.Интересно е дека таа имала неколку прекари : Били Касин, Брусница и Били.
Своевремено една од големите холивудски ѕвезди ТОНИ КЕРТИС , бил роден на 3,јуни 1925 година во Бронкс, Њујорк како БЕРНАРД ХЕРШЕЛ ШВАРЦ, чиј татко бил унгарски евреин кој се доселил во САД.Од почетокот на актерската кариера во 1949 година па се до 1950 година настапувал како Ентони Кертис за потоа да ја стекне популарноста како ТОНИ КЕРТИС.Во богатата кариера снимил 130 филмови а негов бренд е филмот „ Некои тоа го сакаат жешко “ од 1959 година каде негови партнери се Мерилин Монро и Џек Лемон.Тој е татко на познатата актерка Џејми Ли Кертис. Почина во 2010 година на 85 годишна возраст.
Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк