Во светот на забавата , особено филмот и музиката, многу познати личности кои стекнале светска слава и кои ги знаеме по нивните имиња , своите славни имиња и презимиња ги промениле во текот на својата кариера. Тоа го направиле од повеќе причини. Некои заради тоа што нивните родени имиња не звучеле атрактивно а некои заради тоа што тешко се изговарале и запомнувале.Навистина огромен е бројот на познати актери и режисери чии уметнички имиња немаат допирни точки со имињата со кои се регистрирани во книгите на родените.
Во чевтртото продолжение од овој серијал ќе ви ги откриеме вистинските имиња на уште неколку познати светски филмски ѕвезди.
ВИЛИЈАМ ХОЛДЕН
Големата холивудска свезда од златниот период, Вилијам Холден , беше роден на 17. април.1918 година како Вилиам Френклин Бедли Јуниор. Го паметиме по неговите улоги во филмовите „Сабрина“,„Булевар на самракот“, „ Пикник“, „ Мостот на реката Квај“,„Сталаг 17“ но и по несекојдневниот вестерн „ Дивата орда“
ДАНИ КЕЈ
Најпознат по филмот „ Тајниот живот на Волтер Мити“, американскиот актер, танчер, пејач и шоумен – црвенокосиот Дани Кеј е роден како Давид Даниел Камински .Се паметат и неговите улоги во биографскиот филм за трубачот „црвенокосиот“ Николс каде негов партнер е Луис Армстронг но и по Божиќниот филм “ Белиот Божиќ“ каде игра и пее заедно со Бинг Крозби.
БАСТЕР КИТОН
Големата ѕвезда од периодот на немиот филм, Бастер Китон, е роден како Џозеф Френсис Китон VI.Остана запаметен по тоа што беше сериозен и никогаш не се смееше иако неговите филмови се сметаат за едни од најсмешните во историјата на филмот.
Неговиот најпознат филм е секако „ Генерал“од 1926 година.Тој имаше и мошне успешна кариера и по појавата на звучниот филм.
МАЈКЛ КИТОН
Најпознат по тоа што го играше ликот на првиот суперјунак од темниот свет “ Бетмен“, актерот Мајкл Китон , е роден како Мајкл Џон Даглас.Интересно е дека тој го променил своето презиме во Китон заради тоа што во периодот кога ја започнал својата кариера како телевизиски актер ,многумина го заменувале со актерот Мајкл Даглас. Го променил презимето во Китон откако прочитал нешто за актерката Дајан Китон.
Долги години не можеше да излезе од сенката на ликот на Бетмен но во последните неколку години настапи во неколку интересни филмови кои му донесоа сосема друг третман во светот на филмот (оскаровските „ Човекот птица“ и „ Во центарот на вниманието“)
МАЈКЛ ЛАНДОН
Зад името Јуџин Морис Оровиц се крие актерот Мајкл Ландон кој се прослави со настапот во повеќе телевизиски серии од кои најпознати се секако „ Бонанца“( која траеше 14 години) и „ Малечката куќа во преријата“.Помалку е познато дека овој претрежно телевизиски актер, беше и успешен режисер на 15 тина тв серии меѓу кои и споменатата „ Малечката куќа во преријата“ (90 епизоди) и „ Автопат до небото“ (94 епизоди).
СТЕН ЛОРЕЛ
Пред неколку дена се навршија точно 130 години од раѓањето на Артур Стенли Џеферсон многу попознат како Стен Лорел кој беше една половина од комичарскиот дует Станлио и Олио кој го засмејуваше светот.Нивната заедничка кариера започнува во 1927 година уште во ерата на немиот филм а продлжи мошне успешно и во ерата на звучниот филм.
Се паметат нивните филмови:„ Синовите на пустината“, „ Боемската двокја“, „ Мајстори за танцување“, „ Летечките ѓаволи“, „ Патот на запад“ и многу други.
ВИВИЕН ЛИ
Кој не го памети легендарниот лик на Скарлет О’хара од филмот за сите времиња „Однесено од виорот“ кој го отелотвори англиската актерка Вивиен Ли . Таа е родена во Индија во 1913 година како Вивиен Мери Хартли а почина релативно млада на 53 годишна возраст во 1967 година.
Во нејзината куса кариера , која траеше 39 години, успеа да настапи само во 21 филм и да освои две награди Оскар.
Покрај нејзината најпозната улога во филмот „ Однесено од виорот“ таа настапи уште во неколку други познати филмски остварувања: „Цезар и Клеопатра„, „ Ана Карењина“, „Римскара пролет на г – ѓа Стоун“, „ Улицата наречена желба“, „ Мостот на Ватерло“ ,
„ Брод на лудаци“ и други.
ЏЕРИ ЛУИС
Еден од најпознатите американски комичари сигурно е Џери Луис. Неговото вистинско име е Џером Левич. Имаше мошне успешна кариера и како актер но и режисер. Беше познат и како голем хуманитерец. Во еден период од кариерата во тандем со Дин Мартин снимија неколку заеднички филмови од кои секако најпознат е „ Холивуд или пропаст“од 1956 година. Негов најпознат филм е „ Расеаниот професор“од 1963 година.
СОФИЈА ЛОРЕН
Оваа година големата италијанска филмска ѕвезда Софија Лорен слави еден голем јубилеј:70 години филмска кариера.
Таа е родена во 1934 година како Софија Вилани Скиколоне.Во нејзината досегашна успешна кариера успеа да оствари вкупно 98 улоги . Добитничка е на Оскар за улогата во филмот „ Чочара“ во 1960 година на режисерот Виторијао Де Сика со кого имаше плодна соработка и кому му беше омилена актерка. Со актерот Марчело Мастројани снимија неколку заеднички филмови кои останаа во историјата на италијанскиот филм. Имаше успешна кариера во САД каде настапи со најпознатите филмски ѕвезди :Грегори Пек, Клерк Гебл, Марлон Брандо,Кери Грант, Френк Синатра, Џон Вејн, Ентони Квин,Чарлтон Хестон, Ричард Бартон, Питер О’ Тул, Питер Селерс…
ДИН МАРТИН
На 7. јуни се навршија 103 годинио од раѓањето на Дино Пол Крочети попознат како Дин Мартин, познат актер, пејач и шоумен.Тој е роден во Охајо но неговиот татко Гаетано Алфонсо Крочети бил италијански емигрант а неговата мајка имала италијански корени.
Дин Мартин имаше подеднаков успех во сите три полиња од светот на забавата. Како актер имаше солиден успех настапувајќи во неколку познати филмови кои оставија белег во историјата на филмот ( „ Рио Браво“,„Артисти и модели“, „ Некои дотрчаа“,„Аеродром“, „ 11 темина на Оушн“).Заедно со Џери Луис реализираше 17 комедии а го толкуваше и ликот на тајниот агент Мат Хелм во неколку филмови кои беа пародија на филмовите за Џемс Бонд.
ВОЛТЕР МАТАУ
Волтер Матау е познат американски актер кого љубителите на филмот го паметат по улогите во филмовите „ Шарада“, „ Чудна двојка“, „ Насловна страна„, „ Индијански борец“,„ Груби старци“ Колаче за среќа“, „ Пирати“,„ Денис“ и многу други.
Тој е роден во Њујорк а неговото вистинско име е Волтер Џејк Метоу иако некаде може да се сретне и како Волтер Матучанскајаски од причина што неговиот татко бил руски евреин од Киев а неговата мајка била емигрант од Литванија.
Интересно е да се спомене дека тој најмногу соработувал со актерот Џек Лемон со кого настапил во дури девет филмови, меѓу нив и комедијата „ Колаче за среќа“ филм кој му го донесе Оскарот за најдобра споредна улога.
МЕРИЛИН МОНРО
Еден од најголемите холивудски секс симболи секако е актерката Мерилин Монро, чие вистинско име е Норма Џин Мортенсен. Нејзиниот живот заврши трагично на 36 годишна возраст Зад себе остави 30 тина филмови од такаречи сите жанрови.Се паметат нејзините улоги во филмовите:„ Како да се омажиш за милионер“, „ Некои тоа го сакаат жешко“ , „ Автобуска станица“, „ Нијагара“,„ Река без враќање“, „ Седум години верност“,
„ Ајде да се сакаме“ и нејзиниот последен филм „ Неприлагодени“ каде за партнери ги имаше Клерк Гебл, Монтгомери Клифт и Ели Волак.Беше и добра пејачка што го докажа во повеќе нејзини филмови.
ИВ МОНТАН
Зад името Иво Леви се крие вистинското име на еден од најпознатите француски актери и шансоњери Ив Монтан.
Светска слава постигна со филмот„ Надница за страв“ од 1953 година на режисерот Анри Жорж Клузо. Негови најпознати филмови се „З“. „ Цезар и Розалија“, „ Црвениот круг“ , „Опсадна состојба“, Гран При“, „ Животот е живот“ , „Ајде да се сакаме“ и многу други.
ДЕМИ МУР
Деметриа Џин Гунес е вистинското име на актерката Деми Мур која се прослави со филмот „ Дух“ каде настапи заедно со Патрик Свејзи.Потоа следуваа и улогите во филмовите “ Непристоен предлог“ и „ Стриптиз“. Долги години беше во брак со Брус Вилис со кого има три ќерки.
Пишува:Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк