• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, јули 1, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Како пензионерите да се чувствуваат побезбедно во сообраќајот?

октомври 14, 2015
in Тикер

Подигнување на степенот на безбедност и на јавната свест кај пензионерите и повозрасните лица како ранлива категорија учесници во сообраќајот и мислења за поактивен придонес за безбеден сообраќај, беа темите на работниот состанок што денес, на иницијатива на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на град Охрид, се одржа со Здружението на пензионери од Охрид и Дебарца.

Како што истакна Стефан Димоски, претседател на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на град Охрид, пензионерите се специфична категорија учесници во сообраќајот не само поради возраста и бројноста туку и поради фактот дека во сообраќајот, пензионерите се во улога на пешаци, велосипедисти, возачи на патнички моторни возила но и на трактори и друга работна механизација, посебно во летниот период. Оттука, потребно е поголемо внимание на оваа категорија учесници, пред се во однос на континуираното едуцирање и запознавање со сообраќајните правила и прописи  а со тоа и избегнување на сообраќајните незгоди во кои повредени или жртви се пензионерите. Димоски најави превентивни и едукативни проекти поврзани со зголемување на безбедноста на пензионерите.

pen

Ѓорѓи Трпчески, претседател на Здружението на пензионери од Охрид и Дебарца, потенцирајќи дека ваква средба за првпат се иницира од Општинскиот совет за безбедност, посебно нагласи дека мислењата и сугестиите на пензионерското здружение треба да бидат релевантни за подобрувањето на безбедноста и безбедносната култура кај пензионерите. Тој наведе одредени искуства, сугестии и предлози за намалување на ризиците од сообраќајни незгоди и последиците по животот на пензионерите. Трпчески додаде дека пензионерите се одговорни но дека сепак, потребна е уште поголема дисциплината и внимателност во сообраќајот, со што би биле добар пример за помладите генерации.

На денешниот работен состанок, покрај членови од Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот и претставници на Здружението на пензионери од Охрид и Дебарца, учествуваа и полициски службеници од охридската полициска станица за безбедност во патниот сообраќај.

Посетеност: 89
Share
Previous Post

Утре показна вежба за делување при несреќи во ОУ „Ванчо Николески“ во Лескоец

Next Post

Склучен Меморандум за соработка помеѓу Универзитетот „Св. Апостол Павле“ и ИКТ компанијата „Ендава“

Next Post

Склучен Меморандум за соработка помеѓу Универзитетот „Св. Апостол Павле“ и ИКТ компанијата „Ендава“

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 89

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk