• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
понеделник, јули 7, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

Кампања „Вози трезвен-стигни жив“ – вечерва ќе се делат такси ваучери на оние со повеќе промили алкохол во крвта

септември 25, 2015
in Актуелно

Со повеќе активности, Секторот за внатрешни работи Охрид вечерва ќе ја реализира превентивната кампања „Биди трезвен стигни жив“.

Кампањата, по претходна согласност од сопствениците ќе биде спроведена во угостителските објекти „Аквариус“ и „Ликвид“, каде полициски службеници ќе поделат сообраќајно едукативен материјал и ќе извршат доброволно алкотестирање на дел од гостите.  Во зависност од добиените резултати, ќе се додели црвен или зелен картон а кај лицата кај кои ќе се констатира поголемо количество алкохол ќе им биде укажано да користат такси превоз. Тие ќе добијат ваучери за бесплатен такси превоз.

Со овие активности, СВР Охрид ја продолжува кампањата што неодамна ја реализира Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на град Охрид, кога на кеј „Македонија“ во близина на охридското пристаниште, беше поставен сообраќаен пункт составен од полициски службеник и волонтер на Црвениот крст. Тука се вршеше доброволно алкотестирање на возачите на моторни возила а низ охридската чаршија и кафе баровите на граѓаните им се делеше пригоден едукативен материјал.

al.jpg500

Инаку, според евиденциите на СВР Охрид, во  осумте месеци од годинава, во Охрид се случени 216 сообраќајни незгоди што претставува намалување во однос на 220 незгоди случени во истиот период лани. Во осуммесечниот период годинава имало 2 сообраќајни незгоди со жртви а во истиот период лани се случиле три незгоди со трагичен епилог.

Целта на кампањата „Вози трезвен-стигни жив“ е унапредување на сообраќајната превенција, подигнување на степенот на сообраќајната култура кај возачите на моторни и други возила и подигнување на свеста за штетните и кобни последици од возењето под дејство на алкохол. 

Публицитет.мк 

Посетеност: 105
Share
Previous Post

Црвен крст – Охрид : „Преку поезија до хумани вредности“

Next Post

„Хуавеј супер куп“ викендов ќе донесе квалитетна машка кошарка во Охрид

Next Post

„Хуавеј супер куп“ викендов ќе донесе квалитетна машка кошарка во Охрид

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 105

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk