Интегрален текст од пресот на д-р Љубен Аранудов претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ – Охрид и кандидат за пратеник од ИЗ број 5
Особено сме горди на програмата наречена Реално, програма на ВМРО ДПМНЕ за период 2017 – 2020 година. Оваа програма го носи токму тој наслов од неколку причини, првично програмата произлегува од реалните потреби на граѓаните на Република Македонија, опфаќајќи ги различните сегменти во општественото живеење. Најзначајно е да се разгледаат реалните побарувања, да се согледа потребата од нивно сублимирање се со цел да се дојде до конечна реализација.
Програмата на ВМРО ДПМНЕ – РЕАЛНО, за 2017 – 2020 година е базирана на три постулати и тоа РАБОТА, СИГУРНОСТ, НАПРЕДОК! Токму овие постулати се најзначајните за секој од нас. Програма која е напишана на 500 страници е програма која преставува досега најобемна во Република Македонија, и нуди реални решенија во секој дел од инфраструктура, енергетски сектор, туризам, здравство, култура, спорт, животна средина, економски просперитет но и во уште многу други области.
Почитувани, од една страна ВМРО ДПМНЕ низ изминатиов период ја прикажа својата пракса за спроведување на сите проекти па дури и вон своите програми. Од друга страна ги имате опозиционерските партии предводени од СДСМ кои освем што ја ставија во залог Република Македонија во изминативе две години, а денес излегуваат пред сите нас со Програма во која се расфрлаат со неиздржани од ракав извадени проекти.
Македонската јавност добро знае за нивните проекти и на локално и на државно ниво, добро го знае нивниот проект за милионскиот долг од 50 милиони евра само во градот Охрид што СДСМ го оставија зад себе. Затоа како споредба во програмата на ВМРО ДПМНЕ само за Охрид има над 30 капитални и уште многу многу други проекети кои ќе ви бидат презентирани и вас и на целокупната јавност. Но како примери ќе ви ги посочиме само неколку:
Автопат Кичево – Охрид – е комплетно нов пат во должина од 57 километри и широчина 26 метри и овој автопат е дел од Паневропскиот коридор 8.
Изградба на нов експресен пат Охрид – Пештани, експресен пат кој ќе биде изграден паралелно со стариот пат во должина од 14, 5 километри
Изградба на Марина на локација пред центарот за обука на вода на АРМ
Изградба на Светиклиментовиот универзитет со манастирски конаци, Богословски универзитет, Музеј на Плаошник, Светиклиментова библиотека и др
Изградба на конгресен центар во населба Даљан и тој конгресен центар ќе биде еден од најпрестижните центри во европа.
Ски центар на планината Галичица кој ќе биде комбинирано планинско и езерско одморалиште,
Ревитализација на старата чаршија,изградба на пашачки патеки, затворен базен, катни гаражи, многу проекти во здравството, животната средина, културата и сл.
Токму ваквата разлика граѓаните на Охрид, но и целокупната македонска јавност добро ја препознава, но несомнено ќе ја препознае и на 11 декември кога конечно ќе се стави крај на политичката криза и РЕАЛНО ќе се оди кон просперитет преку програмата на ВМРО ДПМНЕ, рече на пресот д-р Љубен Арнаудов, кандидат за пратеник од редовите на ВМРО ДПМНЕ од Охрид.
Публицитет.мк