Канадскиот уметник со македонско потекло Мајкл Клос на националната уметничката галерија П.М. Догадин од Астрахан, Русија деновиве и’ донирал 100 графики и 23 слики.
Во уметничката галерија во Астрахан сликите на Клос ќе бидат изложени до март идната година.
Мајкл Клос зад себе има 50 самостојни уметнички изложби. Неговите дела се изложени во: Белгија, Германија, Шпанија, Романија, Словенија, Европскиот парламент (Стразбур), Македонија и Бугарија.
Делата се одликуваат со богата палета на тонови. Во комбинација едни со други, тие создаваат нови бои, нови слики.
Една од карактеристиките на неговиот уметнички порив е – способноста да ги пренесе човечки ликови во посебна, своја димензија преку различни геометриски форми: триаголник, цик цак, бранови, паралелни линии, круг и шеврон. Покрај тоа, Мајкл Клос се служи со симболи во делата преку кои ја одразува посебноста – машки и женски, доброто и злото, светото и световното.
Ова е линкот кој води до веб страницата на галеријата која објави текст за добиената донација
http://agkg.ru/article.php?mode=view&site_id=214&own_menu_id=196554
Охридскиот зет Мајкл Клос со својата животна сопатничка Менка и ќерките често е во Охрид и на сите ним Езерото им е инспирација за нови дела во уметноста. Неговата соработка со охридските институции од културата и со луѓето од уметничка фела е постојана.
Публицитет.мк ја има честа секогаш прв да дознава за нивните проекти, а Мајкл Клос е ценет пациент во стоматолошката ординација „Д-р Стоев“ и од неодамна и заштитно лице на ординација чиј ентериер е разубавен токму со негови дела. Тие соработката ја зокружија со мотото ‘’И насмевката е уметност!“ Ова мото од неодмана е дел и од Публицитет.мк и нивната рубрика посветена на оралното здравје.
Делата на Мајкл се и дел од најсреќниот ден на младенците за чија насмевка на највозбудливиот ден од својот живот се грижи Стоматолошката Ординација ‘’Д-р Сашо Стоев’’, која во знак на еден убав спомен на овој голем ден , на младенците им подарува уникатна фотосесија во соработка со ‘’Love & Life Studio’’ и слика со потпис токму од Мајкл Клос.
Публицитет.мк