Денеска и утре ЈЗУ Завод за превенција, лекување и рехабилитација на Кардиоваскуларни заболувања-Охрид во соработка со Универзитетска Клиника за кардиологија- Скопје организираат дводневна работилница под наслов Периферни васкуларни интервенции во просториите на Заводот.
На работилницата ќе се прикажуваат случаи во живо од нашата катетеризациона лабораторија, а главен оператор и одговорен едукатор ќе биде д-р Ралф Лангхоф од Берлин, Германија, велат од Заводот.
Публицитет.мк