• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, јули 1, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Каролина Гочева вечерва во салата „Билјанини Извори“ утре гостин во серијалот „Мојот живот, мојот свет“

март 9, 2018
in Тикер
Каролина Гочева вечерва во салата „Билјанини Извори“ утре гостин во серијалот „Мојот живот, мојот свет“

Секогаш сме имале убави концерти во Охрид. Последниот беше летото 2015-та на Антички театар. Сите се радувавме на поканата и што викендов ќе сме тука, порача на денешната прес конференција познатата македонска пејачка Каролина Гочева, која вечерва ќе одржи голем концерт во Охрид.

– Охрид е еден од нашите омилени градови. Изминатата недела одржавме седум концерти во Скопје и го  промовиравме новиот албум „Извор“. Вечерва ќе ги изведеме сите песни од новиот албум, но и некои  постари песни. Ќе одиме со истата програма од Скопје, доаѓаме со 10 музичари и се надевам дека ќе имаме одлична вечер, напомена Гочева.

karolinapres2

Пред почетокот на снимањето на аудио интервјуто МОЈОТ ЖИВОТ, МОЈОТ СВЕТ Автор и водител: Милчо Јованоски , сабота по 20 часот на Публицитет.мк

Концертот е во организација на FEEL Продукција од каде истакнаа дека вечерашниот концерт ќе биде и официјална охридска промоција на новиот албум на неповторливата Каролина Гочева:

– Заедно со Авалон продукција изминатиов период работевме на организација на концертот и превземени се сите мерки за истиот да помине во најдобар ред и со испочитувани професионални стандарди за еден ваков настан. Сакаме да ги поканиме повторно да дојдат „СИТЕ ВО ОХРИД“ и да се забавуваме со квалитетна музика и артисти. Пред нас е уште еден фантастичен 8-мо мартовски викенд во нашиот прекрасен Охрид, истакнаа од FEEL Продукција.

karolinapres3 1

Концертот ќе се одржи во Спортската сала „Билјанини Извори“ со почеток во 21:00 часот. Билетите се продаваат и денес во сите „Тамаро“ маркети во Охрид и Струга, како и во Бистро Корнер. За тие кои нема да се во можност да ги купат од продажните места, билети ќе се продаваат и на самиот влез од 18:00 до 21:00 часот. Вратите за влез ќе бидат отворени од 19:00 часот.

– Дојдете да уживаме заедно, порачуваат од FEEL Продукција.

Публицитет.мк

Посетеност: 68
Share
Previous Post

DW: (Видео) Обвинителката Фатиме Фетаи главна ѕвезда на „Причпич“

Next Post

Сертификати за ученици од Охрид кои беа на обуки во Шпанија и Бугарија

Next Post
Сертификати за ученици од Охрид кои беа на обуки во Шпанија и Бугарија

Сертификати за ученици од Охрид кои беа на обуки во Шпанија и Бугарија

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 68

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk