Денеска во Охрид ќе гостува „Караванот на турската култура“.
Како што дознава „Публицитет.мк“ во терминот од 17 до 19 часот ќе се презентираат различни активности кои се дел од турската култура. Ќе има театарска престава Хазиват и Караѓоз ( театар со сенки) препознатлив за турската театрологија, литература и култура, како и презнетација на различни ракотворби со можност и посетителите да ги изработуваат истите.
Истовремено ќе се послужуваат и разни турски специјалитети. Сето ова ќе се одвива денеска на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ а доколку временските услови не го дозволат тоа, организаторите на настанот ќе се преселат во Центарот за култура „Григор Прличев“.
Публицитет.мк