Во историјата на филмот постојат филмови за кои може слободно да се каже дека се филмови за сите времиња. Меѓу нив секако спаѓа филмот „ Казабланка“ од 1942 година , филм за кого верувам дека нема љубител на седмата уметност кој не го видел или во најлош случај не слушнал за него.
За ова остварување такаречи се знае се` но овојпат за овој филм ќе говориме преку презентација на неколку занимливости сврзани за него. Повод за овој текст е неговото премиерно прикажување кое се случило пред точно 74 години на 26. Ноември. 1942 година.
Еден од клучните моменти во воени љубовни драми е разделеноста на љубовниците во виорот на војната . Не е во прашање само тоа дали тие ќе преживеат , туку дали ќе преживее нивната љубов. Можат ли годините на раздаленоста да ги проголтаат чувствата?Или, дали далеку од очите не значи и далеку од срцето?
Филмската поврзаност помеѓу Хемфри Богард и Инрид Бергман, под режисерската палка на Мајкл Кертиз, направи многумина филмот „ Казабланка“ да го доживуваат исклучиво како љубовен филм иако во филмот се прикажани неколку други паралелни приказни кои говорат за трагедиите кои ги носи војната, за одданоста кон татковината, за пријателството.
Можеби волшебството на „ Казабланка“ е и во тоа што приказната делува толку нестварно убава, и покрај сите проблеми, и покрај разгорувањето на втората светска војна, и покрај совпаѓањето на сличните настани кои тогаш се овиваат во Мароко.
Нема некоја листа на најдобри филмови која може да го избегне овој класик , како што нема ни срце на вистинските романтичари во кое „ Казабланка“ не завзема посебно место.
Снимањето на филмот започнало на 25. Мај.1942 година со само 65 страници на одобрено сценарио што преставувало само околу половина од вкупната приказна. Дури вкупно седум писатели работеле на сценариото за филмот чија премиера се случила на 26.ноември.1942 година во киното „ Холивуд“ на компанијата Ворнер на Менхетен во Њујорк.Во првата недела оваа воена љубовна приказна ја виделе 32000 посетители а до крајот на 1943 година филмот заработил 3,7 милиони долари. Само во премиерното прикажување филмот заработил 225000 долари што во 40 тите била огромна сума пари.
Улогата на Елса во „ Казабланка“Ингрид Бергман ја одиграла само три години по нејзиното доаѓање во Холивуд.Интересно е дека можело лесно да се случи наместо денес легендарните актери кои ги одиграле ликовите на Рик, Елса и водачот на отпоророт Виктор Ласло, односно Хемфри Богарт, Ингрид Бергман и Пол Хенриед, тоа да бидат други актери.
Имено, во игра па дури и со веќе поделени улоги биле Роналд Реган, Ен Шериден и Денис Морган.Меѓутоа со овој избор не бил задоволен продуцентот на филмот Хал Волис.Интересно е дека за овие три улоги биле заинтересирани дури 40 тогашни ѕвезди, меѓу кои за улогата на Елса биле заинтересирани и прекрасната Хеди Ламар и големата француска актерка Мишел Морган.Но,кога на пробното снимање ги виделе заедно Богарт и Бергман, веќе се знаело улогите ќе ги толкуваат токму тие.
Треба да се спомене и тоа дека авторите на основниот текст Џоун Алисон и Мареј Бернет , во главните улоги ги виделе Клерк Гебл и неговата тогашна сопруга Керол Ломбард.
Мошне интересен е и податокот дека од 20 те главни ликови околу кои се плете приказната, само пет од нив им припаѓаат на родени американци:Хемфри Богарт, Корина Мура, Џој Пејџ, Ден Сејмур и Доки Вилсон.Останатите улоги ги толкуваат актери од Австрија, Канада, Кина, Велика Британија, Франција, Германија, Унгарија, Италија, Русија, Шведска…Сепак најмногу анга жирани актери имало од Германија- дури деветмина. Што се однесува до главните актери да кажеме дека Ингрид Бергман е швеѓанка, Пол Хенриед( Ласло) е австриец, Клод Рејнс(капетанот Луис Рено ) е британец, Конрад Веид(мајорот Хајнриџ Штрасер) е германец а Питер Лори ( Угарте) е Унгарец.
По огромниот успеџ што го доживеал филмот кај критиката и кај публиката било планирано и продолжение на овој филм кое требало да има наслов„ Бразавил“ односно „ Казбланка 2“.Тоа требало да биде продолжение на приказната за Рик и Рено , меѓутоа ,никогаш не било напишано сценарио за овој филм. Можеби и подобро што не се случило тоа.
Сепак, во 1998 година бил објавен романот„ Додека минува времето“ во кого се открива дали Виктор и Елса успеале да дојдат во Америка.
Во 1998 година познатиот режисер Рени Харлин сакал да сними сатиричен сиквел на „Казабланка“ со поднаслов „ Бразавил“ . Проектот се држел во голема тајност , но не бил реализиран и покрај тоа што во него требало да настапат Брус Вилис,Изабела Роселини (родена ќерка на Ингрид Бергман) , Роб Шнајдер, Стивен Сегал, Весли Снајпс, Рутгер Хауер, Робин Вилијамс, Жерар Депардје, Марлон Брандо, Антонио Бандерас па дури и Џин Хекман и Лорин Бекол а насловната песна во филмот требало да ја испее Мадона. Проектот пропаднал, за среќа на сите фанови на „Казабланка“.
„ Казабланка“ не одолеала а да не биде предмет на разноразни адаптации.Така, биле направени неколку радио адаптации. Во онаа од 1943 година на радио „СиБи Ес“ учествувале Богарт, Бергман и Хенриед.
Направени се и неколку тв адаптации во вид на тв серии од кои најпознати се оние во 1955, 1983 1995 година.
Интересно е дека во 1988 година е направена колоризирана верзија на филмот „Казабланка“ од страна на компанијата Тарнер но тоа предизвикало бурни протести на фановите на овој филм.
Во „филмската“Гинисова книга на рекорди има неколку реченици кои биле уптребени во филмот „ Казабланка“.Една од најинтересните е реченицата„ Свири го тоа повторно Сем“ околу која и ден денес постои фама.Имено, оваа реченица која се претвори во култна, всушност никогаш не е изговорена во филмот.
На композиторор на музиката за филмот, Макс Штајнер воопшто не му се допаѓала песната„ Додека минува времето“,која е напишана од Херман Хупфилд во 1931 година и која е искористена во филмот.Тој тврдел дека песничката од шест тона е премногу проста за една љубовна песна такашто песната такаречи била исфрлена од филмот во последен момент.Но, само заради тоа што Ингрид Бергман веќе ја исекла косата заради снимањето на филмот „За кого бијат камбаните“, продуцентот Хал Волис не можел да дозволи повторно снимање на кадарот кога таа бара од Сем да ја свири оваа„ песничка“.
Една од најинтересните сцени во филмот е онаа финалната ,која се случува на аеродромот. Таа била снимена во студиото „Саундстејџ Ејт“ на компанијата Ворнер Брос во Холивуд.Сцената била снимена на 3. Август.1942 година а последната сцена од дијалогот на 21.август.1942 година, бидејќи продуцентот на филмот Хал Волис не бил задоволен со крајот и сметал дека треба да се преправи. Заради тоа повторно го повикале Хемфри Богарт да ја сними завршната реченица преку последниот кадар во кој Луис и Рик одат во маглата.Имало дури четири варијанти на реченицата а Волис ја одбрал онаа која постои во филмот а која гласи:„ Луис мислам дека ова е почеток на прекрасно пријателство“. Всушност тоа било реченицата која тој самиот ја напишал.
Според зборовите на помошникот на режисерот Ли Кац, целата сцена на аеродромот се одиграла во студио. Имавме на располагање макета наместо авион, но таа се наоѓаше во далечина, а режисерот Мајкл Кертиз рече:„Би сакал неколку механичари да работат околу авионот за да се добие впечаток дека авионот е вистински. Но, кога таму би поставиле луѓе со нормална височина покрај авионот, тоа би изгледало смешно.Затоа на крајот пронајдовнме некои џуџиња да играат механичари така што на крајот се’ заедно изгледа како тоа да е некаде далеку“.
Филмот „ Казабланка“ чинел 878000 долари.Еве колку изнесувале хонорарите на некои од творците на филмот:
Режисерот Мајкл Кертиз добил најголем хонорар во износ од 73400 долари
Продуцентот на филмот на своето конто добил 52000 долари.
Хемфри Богарт меѓу актерите добил најголем хонорар во износ од 36667 долари, Ингрид Бергман, Пол Хенриед и Конрад Веид по 25000 долари а Клод Рејнс 22000 долари.
Вкупната сума потрошена на хонорарите на актерите изнесувала 161584 долари вклучувајќи ги тука и 490 те долари кои му биле исолатени на тренерот на животните кои се појавуваат во филмот.
Интересно е дека трејлерот за филмот чинел 2000 долари, фотосесиите 850 долари а за реклама и маркетинг биле потрошени 3000 долари.
На 3.март.1944 година филмот на доделувањето на Оскарите освои три Оскари:за најдобар филм,најдобар режисер и најдобро сценарио.
Филмот „ Казабланка“ одсекогаш бил рангиран високо на разноразни избори на здруженија , институти и асоцијации. Со тоа само се потврдува неговата вредност и местото што го завзема во историјата на седмата уметност.
„ Има многу причини зошто популарноста на овој филм трае толку долго време“ рекол своевремено Џулиус Епштајн еден од сценаристите на филмот кој починал во 2000 година.„ Мислам дека никој не знае точно.Можеби заради актерите Богарт и Бергман…Но, знам само едно:Љубовта кон „Казабланка“ е носталгија по филмовите какви што некогаш биле:::“
Се чини ,дека бил во право.
Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк