• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, октомври 6, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тоа беа години

„Кажи зошто ме остави“ Никола Автовски Боби

декември 12, 2018
in Тоа беа години
„Кажи зошто ме остави“ Никола Автовски Боби

Еден од првите македонски шлагери секако е композицијата „ Кажи зошто ме остави“ која  прв во Македонија ја испеал нашиот сограѓанин Никола Автовски Боби , во далечната 1947 или 1948 година како плод на сосема искрен порив за забава на тогашните млади момци во Битола.

Текстот е на Јово Вељановски. Никола Боби Автовски, иако охриѓанец, со завршено Средно воено музичко училиште во Вршац, работел како актер во Театарот во Битола. Младешката енергија за песна брзо ги поврзува Јове и Боби, па на една од забавите Боби првпат ќе ја испее „Кажи зошто ме остави“. Песната често е изведувана на програмата на Радио Битола, но секогаш во живо, од самиот Боби Автовски. Првата снимка е направена во 1956 година, во Радио Скопје.

Никола Боби Автовски, човекот кој го испеа првиот македонски шлагер „Кажи зошто ме остави“ и на тој начин ја започна и историјата на македонската забавна музика, е заведен како автор на музиката .

Меѓутоа , пред неколку години на youtube се појави снимка објавена уште во 2011, на која  грчкиот пејач и композитор Нико Гунарис изведува песна која е иста со песната на Боби Автовски и стои дека песната е снимка од 1945 година. Песната е идентична на нашата„ Кажи зошто ме остави“. Ако грчката верзија е од 45, дали тоа значи дека нашата е плагијат? Кој од кого ја превзел песната со оглед на фактот што песната од грчкиот пејач е дефинитивно снимена пред 65 – пејачот починал на 5 мај 1965, а бил популарен во `50 години.

nikola copy

Оваа дилема ја расчисти легендарниот Ди- Џеј и музички критичар Михаил Бошковски – Мице во мај,2014 година кога за ТВ Нова напишал:

Ви се обраќам со желба да помогнам да се расчисти оваа дилема, која всушност и не е дилема бидејки општо е познато дека автор на песната и нејзин интерпретатор е Нико Гунарис од Грција (1915 – 1965).

Ја снимил во 1945 г. за американската компанија RCA VICTOR. Кај нас за првпат е чуена веднаш по Втората светска војна на силните американски радио станици лоцирани на границата со Грција, во близина на Битола. Младите музикални битолчани ја снимиле во својата меморија и ја пееле по кафеани, а тогаш младиот гимназијалец Јово Велјановски напишал текст на македонски јазик кој Боби Автовски го прифатил и од тогаш песната станала многу популарна и се пеела по кафеаните на домашните забави, се пеела насекаде, а подоцна и на Радио Битола која програмата почнува да ја емитува од 1952 година.

На радио песната ја пееле во живо бидејки се уште немало магнетофони. Тие всушност и не знаеле чија е, тоа се дознало подоцна кога е снимена за Радио Скопје. Првата снимка за Радио Скопје е направена во февруари 1955 година. Покрај Боби како пејач, во групата свиреле браќата Ципушеви, Александар Васовски, Кочо Петровски и Слободан Николовски Боде. Првата снимка е снимена на магнетофон кој наместо лента користел челична жица.

До годината кога во Р. Скопје располагале со понова техника, е направена втората снимка со „Забавниот секстет“. На податокот кој го има на секоја лента за содржината на снимениот материјал јасно стои дека автор е Нико Гунарис, иако Грците популарно го викале Нико Гунари. Верзијата што ја слушаме на Интернет е втората снимка за која аранжманот го напишал Шпато, тоа е единствената негова поврзаност со песната „Кажи зошто ме остави“.

Откако песната станала голем хит особено кога хрватскиот пејач Стјепан Џими Станиќ ја снимил за Југотон, било неминовно да се расчисти со авторските права. За таа цел е стапено во контакт со Гунарис и е реализирана средба на границата кај Гевгелија и на рака му се исплатени тантиемите. Парите ги исплатил Слободан Николовски Боде тогашен уредник во забавната редакција на Радио Скопје во присуство на претставници од власта. Тоа било позамашна сума на пари, а Гунарис се заблагодарил и рекол дека ова е доволно и дека во иднина не треба да се грижат за авторските права

Значи нема ништо страшно што авторот на песната е Грк, можел да биде Шпанец. Песната нема граници, ниту татковина. Таа е создадена да се пее. Ако авторот е непознат тогаш таа е народна, а ако е познат задолжително треба да се напише затоа што е заштитен со меѓународното авторско право.

Кажи зошто ме остави,
и ме обли со тага.
Дека среќна заборави,
беше со мене ти.

Кој ли среќа ти открадна,
срцето ти го грабна.
Сега знај дека секаде,
ликот го гледам твој.

Моите дни знај тажни се
вечно ме мачи тага.
Моја љубов ти пак ќе си,
се ти проштевам драга.

Во 1993 година режисерот Олег Новковиќ го сними српскиот филм „ Кажи зошто ме остави“ во кој како лајт мотив се појавува песната „ Кажи зошто ме остави“ која за потребите на филмот ја исполнува актерката Ана Софреновиќ

Инаку песната „ Кажи зошто ме остави“ досега ја испеале голем број на интерпретатори од Македонија но и од државите од некогашна Југославија:

Драган Мијалковски, Томислав Маниќ, Нина Спирова, Адријана Јаневска, дуетот Маја Оџаклиевска и Борис Бизетиќ, групата Тек, Бети Ѓорѓевиќ, Жељко Самарџиќ, …

Има и неколку инструментални изведби како на пример од нашиот сограѓанин –гитаристот Дамјан Пејчиноски, Ревискиот оркестар Студио, Александар Дујин оркестра …

Еве ја оригиналната изведба на Никола Автоски Боби вклопена со инсерти од филмот „Преку езерото“ на Антонио Митриќески.

 

Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк 

Посетеност: 306
Share
Previous Post

Средба со писателката Драгица Најческа

Next Post

„Охридско лето“ организира концерт на италијанскиот пијанист Емануеле Арчиули во МОБ

Next Post
„Охридско лето“ организира концерт на италијанскиот пијанист Емануеле Арчиули во МОБ

„Охридско лето“ организира концерт на италијанскиот пијанист Емануеле Арчиули во МОБ

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 306

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk