Во организација на Почесниот конзулат на Руската федерација во Охрид, утре во Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ ќе се одржи средба со ученици од Основното училиште „Христо Узунов“ со што ќе се одбележи 182-годишнината од смртта и 220-годишнината од раѓањето на големиот руски писател и поет Александар С. Пушкин.
Учениците ќе бидат запознаени со творештвото на познатиот руски класичар Пушкин со нагласок на неговото творештво кое е актуелно и денес.
Концептот преку креативна работа ќе биде насочен кон содржината на книгата „Сказна за рибарот и рипката“ која е во наставната програма за учениците во трето одделение. Пушкин ова дело го напишал во далечната 1833 година. Настанот е отворен и за сите заинтерсирани љубители на литературата, а ќе започне во 14.30 часот во Прличевата одаја на библиотеката.
НУ Библиотека „Григор Прличев“ и оваа 2019 година продолжува со практиката што ја започна лани, месечно одбележување на родендените на роднокрајните автори.
Овој февруари ќе бидат одбележани родендените на: Борис Бојаџиски,Владимир Попоски,Панде Шикаловски-Чкалов, Трајан Мартиноски и Ристо Јованоски.
Во читалната на библиотеката од четврток 21 февруари една недела ќе бидат изложени примероци од целокупното творештво на посочените автори и заинтерсираните граѓани ќе можат одблиску да се запознаат со делата на овие автори.
Публицитет.мк