Почеток на деведесеттите, сè беше визија, визија во која се насетуваше раѓањето на место каде ќе се спојат мирисот на езерото, тишината на брановите со мирисот на кафето и бојата на виното.
Место каде ќе се сретнат мислите на луѓе од различни сфери на животот, намерници, уметници, музичари, политичари, писатели…
Наеднаш, визијата стана реалност, а реалноста ни постави мисија.
Нашата мисија започна од човековата среќа, преку која се создаде простор во кој дружбата ќе биде лесно остварлива цел.
Се создаде автентичен простор, лесно препознатлив по својата едноставност и душа.
Мисијата полека успеваше, станавме дел од урбаната култура, од секојдневието, култно место за многу генерации, со специфичен шмек и стил на музика.
Место во кое мисијата не завршува, таа сеуште е пред нас… Aquarius since 1991
Публицитет.мк