„Клинекс Професионал“ ужива статус на потврдено квалитетен сервис за професионално перење, во Охрид, Струга, регионот и сега Ви носи убави предлетни новости во облик на збогатување на својата палета на средства за чистење.
Следејќи ги новите трендови, технологии и еко стандарди, Клинекс Професионал, покрај сертифицираната хемиска линија од Hagleitner – Австрија, која веќе петта година ја користи со неспоредливи резултати, започнува со употреба на добро познатите производи на GREEN BSN.
Се работи за линија за одржување на хигиена, произведена на база на природни тревки, која е 100% еколошка и нема апсолутно никакви штетни влијанија врз луѓето и животната средина.
Отсега, сите ресторани, приватни сместувачки капацитети, вили, хотели, но и домаќинства, можат брзо и едноставно да ја препуштат целата грижа на Клинекс Професионал и само да изберат која линија на средства ќе се употребува во процесот на перење, сушење и пеглање на постелнини, навлаки, прекривки и пешкири.
Понатамошните чекори се во рацете на тимот на Клинекс Професионал, почнувајќи од подигнување, перење во хигиенски обезбедена просторија, опремена со професионални машини за перење, сушење и
пеглање, па сé до враќање на испраните, исушените и испегланите работи во специјални вакумски ќеси, повторно во интерес на одржување на хигиената на задоволително ниво.
Со оглед на фактот дека за целата постапка се потребни помалку од 24 часа, на сите корисници на оваа услуга загарантирано им е избегнувањето на летните гужви, а зголемување на уживањето во добиеното слободно време.
Повеќе информации за комплетната услуга можат да се добијат на 075/98 44 82 и на официјалната Фејсбук страница: https://www.facebook.com/cleanexagencija/?pnref=lhc
Не двоумте се завртете го веднаш бројот и во периодот што е пред Вас имајте помалку грижи околу хигиената.
Публицитет.мк