Заштедете време, нерви и пари
ПЕРЕЊЕ НА ПОСТЕЛНИНИ
Секогаш во тек со Вашите потреби, КЛИНЕКС ПРОФЕСИОНАЛ воведе услуга која се состои од преземање, машинско перење, сушење и пеглање на сите видови на чаршафи, јоргани, ќебиња, јамболи и сл., нивно пакување и достава. Оваа услуга се докажува како многу поволна не само за домаќинствата, туку и за сите угостителски објекти, сместувачки капацитети, фризерски и козметички студија.
Она што е од особено значење е фактот дека целиот процес се одвива во хигиенски услови по светски стандарди. Перењето, сушењето и пеглањето се извршуваат во посебно опремена просторија со високо квалитетни машини, а се користат сертифицирани линии на средства кои го подобруваат квалитетот на постелнините и обезбедуваат максимално антибактиериско дејство. Дополнително, пакувањето се врши на секое парче одделно, повторно во насока на зачуваување на хигиената.
Конечно, сите постелнини Вам Ви се враќаат за помалку од 24 часа, подготвени за употреба.
ПЕРЕЊЕ НА МЕБЕЛ
Преку употреба на индустриски екстракциони машини и соодветни наменски хемиски средства, сертифицирани и безбедни за работа, КЛИНЕКС ПРОФЕСИОНАЛ нуди хемиско чистење на Вашите гарнитури за седење, лежаи, столчиња, фотелји и сличен тапациран мебел и мебел од природна кожа, при што гарантира антибактериско дејство, а истовремено им го враќа сјајот со обновен лик.
СЕЗОНСКИ ГЕНЕРАЛНИ ЧИСТЕЊА
Сезонските комплетни чистења на домовите и на деловните простории, при кои деталите играат главна улога и сé мора да биде исчистено и дезинфицирано без пропуст, ни се добро познати на сите.
Обучениот тим од хигиеничари на КЛИНЕКС ПРОФЕСИОНАЛ, опремени со проверени хемиски средства од програмата на Hagleitner Австрија, ваквите напорни чистења ги презема во свои раце и ветува резултати за само неколку часа. Вашиот дом или деловен простор ќе биде освежен и доведен до хигиенска перфекција.
ТЕКОВНО ХИГИЕНСКO ОДРЖУВАЊE
КЛИНЕКС ПРОФЕСИОНАЛ ја комплетира својата листа на услуги преку понуда и на тековно одржување. Оваа услуга подразбира дека доколку Вие имате потреба од хигиеничар кој ќе се грижи за хигиената во вашиот дом или деловен простор на дневно, неделно или месечно ниво, нашиот тим Ви стои на располагање. Притоа, КЛИНЕКС ПРОФЕСИОНАЛ ја обезбедува комплетната апаратура, како и сертифицирани хемиски средства, со што се гарантира квалитетот на работата.
Повеќе детали на веб страницата на Клинекс професионал
http://www.cleanex.mk/index.html
Публицитет.мк