• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, септември 20, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

Коцијанчич: Поддршката и почитувањето на СЈО се обврска на сите институции

октомври 20, 2016
in Актуелно

Европската Унија ги охрабрува сите институции во земјава да дејствуваат во рамките на обврските од Договорот од Пржино и да ја поддржат работата на Специјалното јавно обвинителство без никакви опструкции, вели за „Мета“ портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, во врска опструкциите што му се прават на СЈО во истрагата во Управата за безбедност и контраразузнавање. Таа ја нагласува и важноста на правната и на политичката одговорност за прислушувањето и за содржините што произлегуваат од него.

„Како што Европската Унија неколкупати претходно нагласи, а и комесарот Јоханес Хан минатата недела во Скопје, Специјалното јавно обвинителство е клучен елемент од Договорот во Пржино, потпишан од сите лидери на главните политички партии. Сите тие повеќепати се обврзаа да ја поддржат и да ја олеснат работата на Специјалното јавно обвинителство, без опструкции. Европската Унија силно ги охрабрува сите тела во земјата да дејствуваат во рамките на овие јасни обврски и со целосна почит за правната позиција на СЈО. Европската Унија ја нагласува важноста од правна и од политичка одговорност за прислушувањето и за содржините што произлегуваат од него. Решавањето на сериозните прашања кои се однесуваат на владеењето на правото е клучно за враќањето на земјата на евроатлантскиот пат и за враќање на довербата кај граѓаните“, вели Коцијанчич, на прашањето за коментар на последните настани поврзани со опструкцијата на работата на СЈО која ја врши Управата за безбедност и контраразузнавање, заедно со поранешниот министер за внатрешни работи и актуелен директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, и со дополнитениот заменик-министер Оливер Андонов.

Идентични пораки, во врска со случувањата на линија УБК – СЈО, упатија и Aмбасадата на САД во земјава, Делегацијата на Европската Унија и амбасадорот на Велика Британија во Скопје, Чарлс Гарет.

Тие порачаа дека на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева мора да ѝ биде овозможено да спроведе целосна и независна истрага, без никакви опструкции, а државните институции и политичките партии да соработуваат, во согласност со Договорот од Пржино.

Извор: www.meta.mk 

Посетеност: 124
Share
Previous Post

Канческа-Милевска: Обвинувањата на СЈО се „рекла-кажала“, сè е чисто како солза

Next Post

Вечерва од 21 до 1 часот по полноќ нова забава во АКВАРИУС

Next Post

Вечерва од 21 до 1 часот по полноќ нова забава во АКВАРИУС

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 124

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk