Во светот на забавата , особено филмот и музиката, многу познати личности кои стекнале светска слава и кои ги знаеме по нивните имиња , своите славни имиња и презимиња ги промениле во текот на својата кариера. Тоа го направиле од повеќе причини. Некои заради тоа што нивните родени имиња не звучеле атрактивно а некои заради тоа што тешко се изговарале и запомнувале.Навистина огромен е бројот на познати актери и режисери чии уметнички имиња немаат допирни точки со имињата со кои се регистрирани во книгите на родените.
Во третото продолжение од овој серијал ќе ви ги откриеме вистинските имиња на уште неколку познати светски филмски ѕвезди.
Кога во1983 година актерот БЕН КИНГСЛИ го освои Оскарот за најдобра машка улога за филмот „ Ганди“ ,многумина мислеа дека тој е индиски актер.Но тој ниту е роден таму ниту пак неговото вистинско име е тоа.Тој е роден во Англија а неговото вистинско име е КРИШНА ПАНДИТ БАНЏИ.Негов татко бил Рахимтула Харџи Банџи,кој бил лекар од Кенија, со индископотекло, а неговата мајка, Ана Лина Мери (Гудман), била англиска актерка.
Една од најпознатите актерки од златниот период на Холивуд која се прослави со своите танчерски способности, ЏИНЏЕР РОЏЕРС, е родена како ВИРЏИНИЈА КЕТРИН МЕКМАТ. Нејзините најпознати филмски улоги таа ги оствари во мјузиклите во кои нејзин партнер беше Фред Астер , чие пак вистинско име е Фред Аустерлиц .
Познатата актерка НАТАЛИ ВУД, една од најубавите и најталентирани американски актерки е родена во Калифорнија, САД како дете на руски емигранти. Нејзин татко бил Николај Степанович Закаренко а нејзина мајка била Марија Степановна Закаренко. Тие својата ќерка ја крстиле како НАТАЛИЈА НИКОЛАЕВНА ЗАКАРЕНКО.Таа актерската кариера ја започнала уште како петгодишно девојче а нејзиното родено име во Натали Вуди го смениле директорите на студиото РКО Дејвид Луис и Вилијам Гете.
Зад името ТОМАС КРУЗ МАПОТЕР се крие познатиот актер и еден меѓу 100 те најпопуларни филмски ѕвезди на сите времиња, ТОМ КРУЗ.Како голем верник уште како средношколец сакал да стане свештено лице но набрзо ја сменил одлуката и станал актер. Така светот го доби актерот Том Круз а свештенството остана посиромашно за еден свештеник.
Сигурно скоро никој не знае дека зад името МАРК СИНКЛЕР ВИНСЕНТ стои популарниот актер во акциони филмови ВИН ДИЗЕЛ.Тој името го сменил кога имал 17 години откако започнал да се занимава со спорт за веднаш по завршувањето на средното училиште да се запише во улилиште за актерство. Својот прв филм „ Заложба“кој бил прикажан на фестивалот Санденс, го реализира во 1997 година а останатото е историја.
Австралискиот актер ЕРИК БАНА има хрватско грманско потекло а неговото вистинско име е ЕРИК БАНАДИНОВИЌ . Неговиот татко бил Иван Банадиновиќ , хрват од Загреб кој работел како градежник во Австралија а неговата мајка била германка.Во неговата младост негов идол бил Мел Гибсон и филмовите за Лудиот Макс. Кариерата ја започнал како стенд ап комичар а својата прва посериозна улога ја остварува во 2000 година во филмот „ Чопер“.Следуваат неговите настапи во големите филмски хитови:„ Халк“ , „ Троја“ и “„ Минхен“
Кралицата на романтичните комедии МЕГ РАЈАН има полско, ирско ,германско потекло а нејзинот вистинско име е МАРГАРЕТ МЕРИ ЕМИЛИ АНА ХИРА. Откако завршила новинарство започнала да работи под името Мег Рајан .Инаку Рајан било презимето на нејзината баба. Се разбира нејзиното ново име е многу поприфатливо и полесно за паметење отколку четирите со кои е заведена во книгата на родените.
Една од најпознатите филмски двојки кои направија неколку романтични љубовни комедии секако е двојката ДОРИС ДЕЈ И РОК ХАДСОН . Интересно е да се спомене дека тоа не се нивните родени имиња.
Така , вистинското име на Дорис Деј е ДОРИС МЕРИ ЕН КАПЕРХОЛФ. Нејзиниот дедо бил германски емигрант.
Поеклото пак на Рок Хадсон е мошне комплицирао бидејќи неговите родители имале германско- швајцарско односно англиско и ирско потекло. Роденото име на Рк Хадсон било РОЈ ХАРОЛД ШЕДЕР јуниор.Името го сменил во Рок Хадсон по завршувањето на втората светска војна во која активно учествувал како механичар на авиони во американската морнарица.
Вистинското име на оскаровката НАТАЛИПОРТМАН е НАТАЛИ ХЕРШЛАГ. Нејзиното потекло е од Израел каде што е и родена,. Нејзините родители се изреалци Ашкенази. Уште како малечка со своите родители се преселила во САД каде како уште малечка започнала да снима филмови. Во светот на филмот влезе на голема врата настапувајќи покрај Жан Рено во филмот „ Леон професионалецот“ . Светска слава постигна со ликот на кралицата Амидала во филмовите од серијалот „ Војна на ѕвездите“.Оскар доби за улогата во филмот „Црниот лебед“.
Познатата англиска актерка ХЕЛЕН МИРЕН чие родено име е ХЕЛЕН ЛИДИЈА МИРНОФ има мошне интересно потекло. Имено, нејзината мајка, Кетлин Александрина Ева Матилда (Роџерс), била од англиско работничко семејство, а нејзиниот татко, Василиј Петрович Миронов, бил државен службеник со потекло од Русија, од Курјаново, чиј татко бил дипломат.Хелен била родена во болницата на кралицата Шарлот во Западен Лондон.
Од таму е мошне интересен еден податок кој вели дека таа играше кралица во вкупно шест филмови: Кралицата(2006), Елизабета Прва (2005), Принцот од Египет (1998),Снежната кралица (1995), Лудилото на кралот Џорџ(1994) и Калигула(1979) .
Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк