• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 29, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Филмољубие

Кога иднината од 1985, е сегашност

октомври 21, 2015
in Филмољубие

 

Творците на научната фантастика отсекогаш биле пред времето во кое живееле . Нивните предвидувања преточени во збор или слика отсекогаш го привлекувала вниманието на луѓето ,особено на љубителите на научната фантастика.Она што своевремено бил Жил Верн во 19 век,кој како писател бил вистински футурист,тоа денес може да се рече за оние кои ги прават научно фантастичните филмови како Милие кој во 1902 година го направил научно фантастичниот филм„ Пат до месечината“ според делото на Жил Верн, па се’ до филмските творци од денешно време Лукас, Спилберг,Земекис или Камерон …во чии филмови постојат футуристички идеи кои помалку или повеќе се остварени до денес а некои сигурно ќе се остварат во блиска или подалечна иднина.

sl1 copy

Кога Марти МекФлај и Док Браун, главните јунаци на филмот„ Враќање во иднината 2“со помош на времепловот „прескокнуваат “ 30 години и слетуваат во 2015 година и тоа на денешен ден 21. октомври.2015 година, тие со чудење откриваат еден  свет во кој има летечки автомобили, гориво кое се добива од отпад,патики кои сами се врзуваат и робот како кенлер во ресторан.

Иако голем број од уредите кои се измислени за потребите на тој филм од 1989 година , не постојат и ден денес ,има некои уреди кои се употребуваат денес а кои ја надминуваат фантастиката преставена во филмот од 1989 година.

Во многу работи , „ вистинската “ 2015 година , е многу „ пофутуристична“ од она што тогаш можело да се предвиди и за четврт столетие се случија уште порадикални промени.

„Паметните телефони денес се дел од нашиот живот,а вистината дека денес се користиме со интернетот и имаме пристап до сите информации во светот ,и за најголемите футуристи од осумдесетите години од изминатиот век би била утопија, бидејќи тие и неможеле ниту да замислат дека телефонот би можел да служи за нешто друго освен за разговарање и евентуално за испраќање на СМС пораки“ рекол Рос Досон , футуролог кој работи во Сиднеј.„ Сите технолошки алатки кои денес ги користиме а за кои и воопшто не размислуваме, како Гугл, Википедија, социјалните мрежи Фејсбук и Твитер , ЏиПиЕс , трговија преку интернет, биле такаречи незамисливи во 1989 година кога бил направен филмот.

sli 2 copy

Но, некои предвидувања од филмот како што се летечките автомобили , се’ уште се пред денешното време. „ Интересно е дека пред триесет години , поголемиот број од футуролозите оцениле дека изгледите за производство на летечки автомобили во 2015 година се поголеми од 50 посто “ рекол Џек Улдрих , футуролог од Минеаполис.

Но, Боб Гејл и Роберт Земекис , сценаристите на филмот, некои работи сепак добро ги предвиделе.

                   sl 3 a copy                             sli 3 b                                                        

За почеток, тука е легендарниот „hoverboard“, летечкиот скејтборд. Навистина, тој се’ уште не е во масовно производство , но кон крајот на изминатата година компанијата Hendo Hover направи прототип на свој лебдечки скејт борд , но нивната симпатична играчка се’ уште не е подготвена за масовно производство.

Облеката која автоматски се суши и ден денес е далеку од стварноста , но постојат низа материјали кај кои процесот на сушење е забрзан.

slik 4

Копанијата Nike уште во 2011 година на пазарот понуди футуристички патики слични на оние кои ги носи Марти , но тогаш не постоеле врвки кои сами се врзуваат.Меѓутоа , група на Канаѓани за една фондација започнале да собираат пари за производ кој би можел во многу нешта да го олесни врзувањето на патиките.

slik 5

„Дехидрираната пица“ може слободно да се окарактеризира како претходница на денешните јадења од микробрановите печки. Во второто продолжение од филмот за само 12 секунди оваа „ дехидрирана пица“ ставена во имагинарната печка , станува поголема и подготвена за јадење.

Marty McFly VR Wide

 

Во филмската сцена на појадокот ,Марти на главата носи очила кои наликуваат на оние од Гугл. Тие високотехнолошки очила би можеле да се окарактеризираат како прва верзија на очилата на Гугл. Споменатите очила на Марти во филмот му овозможуваат да може да одговори на видео повиците.

Во филмот , видеоповиците се одвиваат на голем екран за разлика од денес кога тоа се одвива на сосема минијатурни екрани и кои секој може да ги прави. Со помош на Скајп и други слични програми, видеоповикот не е само алатка во деловното опкружување, туку се користи и во секојдневниот живот за обична комуникација.

3Д филмовите денес се вообичаени во кино салите ширум светот како и холограмите, а со отисокот на прстот масовно ги отклучуваме паметните телефони, но не и вратите на своте домови.

slik 7

Денес се’ уште немаме автоматски шетачи на кучиња,ниту пак бензиски пумпи на кои што работат роботи ниту пак домаќинките ѓубрето го претвораат во енергија.Нема ниту трага од 19 тото продолжение на „Ајкула“ но сепак, многу нешта кои во 1989 тата изгледаа футуристички и неостварливи денес се на дофат на секој човек на планетата , што од друга страна преставува признание за предвидливоста и фантазијата на творците на овој серијал кој и по 30 години од неговото појавување го плени внимането на новите генерации.

 slik 8

Еве и потсетување на приказната на првите два дела од серијалот „ Враќање во иднината“ кои како режисер ги потпишува Роберт Земекис.

Дејствието на оваа научнофантастича комедија говори за тинејџерот Марти МекФлај кој по еден несреќен случај ќе се врати во минатото ,односно од 1985 ќе се врати во 1955 година, со помош на времеплов кој го има направено неговиот пријател докторот Емет Браун.Марти во минатото ќе ги сретне своите родители како тинејџери, а неговата мајка по игра на случајот ќе се вљуби во него.Како пак оваа состојба се заканува да го загрози неговот постоење, тој се обидува некако да ја измени историјата за да не можат неговите родители повторно да се вљубат еден во друг.

За тоа време, докторот Браун од 1955,кого Марти во меѓувреме го пронаоѓа и му објаснува за што се работи , се обидува да го модифицира времепловот кој останал без гориво, за Марти да може да се врати назад во 1985 година.

slik 9

Во вториот дел од оваа трилогија,Марти и Емет патуваат низ времето од 1985 во 2015 година со цел да ги спречат децата на Марфи да си ги уништат животите.Како пак ги видела девојката на Марфи-Џенифер, ќе ја земат и неа, но Док ќе ја успие бидејќи поставува премногу прашања за иднината.Док верува дека никој не би требало да ја знае својата иднина.На синот на Марти, Марти Јуниор, му приоѓа Гриф Танен , внукот на Биф , и бара од него да и се приклучи на неговата банда во еден планиран грабеж.Според Док,оваа случка ќе доведе до уништување на целото семејство МекФлај.Марти се преставува како Марти Јуниор и го одбива Гриф.Бандата ќе се разбесни и ќе го нападне Марти. Тој успева да побегне на летечки скејборд , а на крајот бандата завршува на суд и во затвор , не извршувајќи го грабежот.

10

Првиот филм од оваа трилогија својата премиера ја доживеал на 3. јули.1985 година. Оваа година токму на тој датум тројцата актери кои ги толкуваат главните улоги во филмот Мајкл Џи Фокс, Кристофер Лојд и Леа Томпсон присуствуваа на конвенцијата во Лондон за да го прослават овој јубилеј.

Филмот по повод овој јубилеј  годинава ќе биде повторно прикажан во кино салите ширум светот и тоа во специјална проекција кога заедно ќе бидат прикажани првите два дела од оваа трилогија. Тој настан ќе се случи денес на 21.октомври.2015 година кога времепловот со тројцата патници ќе застане токму на денешен ден.А сето она што се случува во филмот се случува денес. Од таму гледањето на филмот токму денес предизвикува посебно чувство.

Ѓоко Симјаноски – Публицитет.мк 

Посетеност: 132
Share
Previous Post

Што да се прави со хроничниот замор?

Next Post

„Снупи и Чарли Браун: филм за дружината 3D“

Next Post

„Снупи и Чарли Браун: филм за дружината 3D“

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 132

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk