Фудбалската репрезентација на Македонија обезбеди историски пласман на Европското првенство откако во бараж мечот ја совлада Грузија со 0-1. „Црвено-жолтите“ на европскиот шампионат ќе бидат дел од групата Ц заедно со Австрија, Украина и Холандија.
Историскиот прв натпревар на Македонија на големите натпреварувањањ ќе биде на 13. јуни 2021 година на Националната арена во Букурешт, а наш противник ќе биде Австрија.
Во второто коло кое ќе се игра на истиот стадион за противник ќе ја имаме Украина на 17. јуни, а групната фаза ја завршуваме на 21. јуни со мечот против Холандија на „Јохан Кројф“ арената во Амстердам.
Извор: www.ekipa.mk