• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, август 23, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тоа беа години

„Кога сенката сосема ќе избледне“ – Прокол харум

ноември 14, 2018
in Тоа беа години
„Кога сенката сосема ќе избледне“ – Прокол харум

Една од најубавите балади на сите времиња е секако онаа која во 1967 година ја создадоа членовите на групата „ Прокол Харум“.

Се работи за композицијата „Кога сенката сосема ќе избледне“која преставува дебитантска песна на британскиот состав „Прокол Харум“која била објавена на 12.мај.1967 година. Истоимената сингл грамофонска плоча со оваа песна се искачила на првото место на британската топ листа и таму останала цели шест недели.Првото место го освоила и во Австралија, Ирска, Германија, Норвешка, а во САД го достигнала петтото место. Синглот бил продаден во над 10 милиони примероци. 

Музиката ја напишал Гери Брукер кој бил инспириран со музиката на Бах а текстот е дело на Кит Рид и Метју Фишер.

Првата постава на составот „Прокол Харум“ формиран во 1960 година бил:

Метју Фишер-клавијатурист Дев Клајг- бас гитара, Би Џи Вилсон – тапани, Робин Тровер- соло гитара, Гери Брукер- клавир и вокал и Кит Рид  -текстописец.

Нивната музика се темели на прогресивниот рок , психоделичниот рок и мошне често на симфонискиот рок но исто така создаваат блуз и поп композиции.Составот се распаѓа во 1977 година но повторно се собираат во 1991 година а се активни и ден денес.

capture 20181114 185551

 

Има еден мошне интересен момент околу нивната најпозната композиција со која се прославија.Имено, заради авторството на композицијата „ Кога сенката сосема ќе избледне“, на суд се нашле клавијатуристот Метју Фишер и главниот вокалилист Гери Брукер.Фишер тврдел дека тој е автор на музиката за оваа композиција и своите права ги побарал на суд. Од друга страна Брукер тврдел дека тој е автор на музиката заедно со Кит Рид, пред Метју да дојде во составот и тврдел дека не му е јасно како Фишер дури по 40 години се сетил дека тој напишал еден дел од песната. Во јули 2009 година  година Метју Фишер го добил судскиот спор со кој му се доделува 40% авторство на оваа композиција од 2005 година па наваму.Дотогаш ,од 1967 година авторските права по 50% ги делеле Гери Брукер и текстописецот Кит Рид.  Ваквата пресуда преставува преседан во музичкиот свет.

Во својата долга кариера групата успеала да издаде 12 студиски албуми од кои последниот насловен како „ Новум“ го издале во 2017 година.

Инаку мега популарната балада со која се прослвија „ Кога сенката сосема ќе избледне“ досега има доживеано над 900 разни вокални и инструментални изведби. Од нив секако е најпозната онаа на Ени Ленокс во 1995 година во албумот „ Медуза“.

Песната како музичка тема е искористена во голем број на филмови телевизиски серии.

Посетување на оваа безвременска композиција на која израснаа многу генерации, со оригиналната изведба од 1967 година.

 

 

 

Публицитет.мк 

Посетеност: 96
Share
Previous Post

Промовиран проектот „ Брендирање на туристичките водичи на градот Охрид “

Next Post

Утре ќе се одржи осумнаесеттата седница на Советот на општина Охрид

Next Post
Утре ќе се одржи осумнаесеттата седница на Советот на општина Охрид

Утре ќе се одржи осумнаесеттата седница на Советот на општина Охрид

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 96

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk