Познатиот охридски урбан лик – почитуваниот Андон Групчев деновиве на својот фејсбук профил постави фотографија на кој тој наводно разговара на еден стар, добар телефон со некого. Датумот вели дека најверојатно се обидува да му честита со „жив глас“ преку жица, ново среќно лето.
Фиксните телефони стојат уште во нечиј дом како украс и сведоштво за едно минато време. Сега наместо „жива честитка“ си праќаме фотки, однапред смислени и копирани пораки. Божем немаме време или вака е поубаво! Уште еден доказ дека луѓето се отуѓени едни од други – а да прашате не знаат ни сами да ви одговорат.
Времиња…
Публицитет.мк