Пред десетина дена бевме сведоци на доделувањето на годинешните најпрестижни награди во светот на филмската уметност ,Оскарите.
Церемонијата ќе остане запаметена, во долгата историја на доделувањето на оваа награда (беа доделени по 89 пат) ,како една од најскандалозните откако во самата завршница Оскарот за најдобар филм му беше доделен на погрешен филм, нешто што во историјата на оваа награда не се памети. Грешката мошне брзо беше исправена но штетата од овој чин допрва ќе се анализира. Добитниците на годинешните награди веќе се познати и за нив во изминативе денови надолго и на широко се пишуваше и говореше во сите медиуми.
Сакајќи на некој начин да говориме за Оскарите а притоа да ви презентираме нешто што ќе биде поврзано со оваа награда а нема притоа да се повтотриме, одлучивме да ве вратиме наназад во времето и да се потсетиме на тоа што се случувало на церемонијата на доделувањето на Оскарите пред точно 50 години. поточно што се случувало на 10 . април.1967 година кога биле доделени наградите Оскар по 39 пат.
Номинациите за тогашните Оскари биле објавени на 29 февруари. Церемонијата се одржала во Санта Моника во Цивик Аудиториумот а домаќин на церемонијата бил познатиот актер и комичар Боб Хоуп.
И тогашната церемонија ја тресел еден скандал но од организациона природа. Имено, две недели пред предвидениот настан, Театарската унија (А.Ф.Т.Р.А.), без која практично не бил возможен телевизискиот пренос, организирала штрајк, а тоа пак, заради финансирањето на Оскарот од продажбата на телевизиските права, преставувало опасна закана за самото одржување на церемонијата.
Во корист на Оскарот пресудила храбрата и ризична одлука на филмаџиите со која без оглед на уценувачките барања од страна на нивните безобѕирни ривали, дека церемонијата мора да се одржи.Спротиставените страни се натегале до крајни граници. Најпосле, на само три часа пред почетокот на церемонијата попуштиле луѓето од „ Унијата“ па многубројната публика пред малите екрани можела да здивне.Но, многумина и покрај се’ не биле задоволни од она што го виделе. За своето големо очекување биле „наградени“со една досадна и помалку тажна приредба, пред се’ заради тоа што од четворицата наградени актери односно актерки само еден лично го примил својот Оскар.
Англискит актер Пол Скофилд, добитникот на Оскарот за главна машка улога во филмот „ Човек за сите времиња“ на режисерот Фред Цинеман, останал во Англија со објаснение: „ Не очекував дека ќе добијам Оскар. Бев сигурен дека Оскарот ќе го добие Ричард Бартон за филмот „ Кој се плаши од Вирџинија Вулф“. А, токму споменатиот Бартон се наоѓал на летување во јужна Франција заедно со неговата сопруга Елизабет Тејлор која таа вечер го освоила својот втор Оскар за улогата во филмот „ Кој се плаши од Вирџинија Вулф“. Добитничката пак на Оскар во категоријата најдобра споредна женска улога, Сенди Денис, за улогата во споменатиот филм, таа вечер се наоѓала на другата страна на Америка , во Њујорк.
Еденствениот актер од оваа четворка кој го примил Оскарот , бил актерот Волтер Матау кој на сцената се искачил со скршена рака а Оскарот го примил од рацете на неговата колешка Шели Винтерс.Оскарот му припаднал за неговата улога во филмот „ Колаче на судбината“.Нешто подоцна тој ќе изјави:„ Вечерта кога го добив Оскарот сеуште бев во состојба на шок од несреќата која ја доживеав еден ден порано. Имено, паднав од велосипед, ја скршив левата рака на шеснаесет места, а очие, устата и носот ми беа полни со прашина.Ког го објавија моето име на церемонијата, мислев дека ги преживувам последиците од падод, како да настапи некој задоцнет шок. Си помислив дека несреќата понекогаш може да биде толку убава.“
Филмовите на брачната двојка Тејлор- Бартон(вкупно11)најчесто биле наполно бесмислени и неинтерсно претенциозни, а интересот за нив доаѓал од медиумското внимание и скандалите кои постојано ги следеле (патем тие два пати се венчаваа и разведуваа).
Но, филмот „ Кој се плаши од Виџинија Вулф“ е ислучок. Филмот имал 13 номинации за Оскар а освоил пет.Ричард Бартон во него ја дал веројатно својата последна најдобра улога, а Лиз Тејлор најпосле во потполност го заслужила својот втор Оскар.Таа била многу лута на Академијата заради тоа што не му доделила Оскар на нејзиниот сопруг и цели две недели не сакала да слушне за нејзиниот Оскар кој и’ бил врачен во британската Академија кога поклонувајќи се елегантно го примила својот Оскар.
Веќе споменавме филмот “ Кој се плаши од Виџинија Вулф “ кој говори за осамената , измачена и деструктивна брачна двојка Џорџ и Марта, имал 13 номинации за Оскар, а биографскиот филм „ Човек за сите времиња“ кој ги опишува последните седум години во животот на познатата личност од англиската историја Сер Томас Мур, осум номинации.На изненадување на многумина , овој филм успеа да освои најмногу награди Оскар (6) меѓу кои и оној во категоријата најдобар филм, особено заради тоа што во него настапувала такаречи непозната актерска екипа , освен Орсон Велс кој во филмот се појавува во сосема малечка улога.Инаку филмот бил во холивудска продукција а бил сниман на автентични локации во Англија со минимален буџет од 2 милиони долари.
Филмот му го донел Оскарот за најдобра режија на познатиот автор Фред Цинеман.
Таа година Оскарот во категоријата најдобар странски филм му припанал на францускиот филм „ Еден човек и една жена“ на режисерот Клод Лелуш во кој настапуваат Жан Луј Трентињан и Анук Еме , како и Оскарот во категоријата за оригинално сценарио.Интересно е да се спомене дека меѓу петте номинирани во оваа категорија се наоѓал и филмот „Три“ од тогашна Југославија на режисерот Александар Саша Петровиќ.
Од она што ја одбележало церемонијата во таа 1967 година е секако последниот заеднички настап на популарнта танчерска двојка Фред Астер и Џинџер Роџерс како и првото појавување во јавноста на актерката Патриша Нил по серијата сериозни срцеви удари кои успеала да ги преживее пред две години.
Меѓу гостите на церемонијата бил и тогашниот гувернер на Калифорнија , долгогодишниот член на Академијата ( и идниот председател на Америка) Роналд Реган. Својот талент за политика го искажал и во своите актерски денови, како председател на Здружението на филмските актери на Холивуд во текот на кризните години на антикомунистичката кампања.
Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк