Деновиве беше објавена една интересна вест дека филмот „ Црниот пантер“за помалку од еден месец од своето прикажување во кино салите ширум светот , успеал да заработи над една милијарда долари со што се најде меѓу 32 филма на кои тоа им успеало досега.
Веста привлекува особено внимание од причина што тоа се случува на почетокот од годината кога интересот на публиката за одење во кино е помал и што се работи за филм кој доаѓа од кујната на Марвел кој обично потенцијалните блокбастери пред публиката ги пласира во првите летни месеци од годината.Но, по се изгледа компнијата Буена Виста напраила добар потег пласирајќи го овој потецијален блокбастер во кино салите кога нема голема конкуренција .Можеби и самите не очекувале ваков резултат кој е остварен во многу кус период од само 26 дена.Имено филмот во кино салите започнал да се прикажува на 16.февруари а веќе по завршувањето на изминатиот викенд неговата заработка ја надминала бројката од една милијарда долари .Неговата вкупна заработка досега изнесува една милијарда и осумдесет милиони долари од кои на заработката во американските кино сали одпаѓа 560 милиони долари.
Инаку филмот „ Црниот пантер“е петтиот филм од Марвеловата серија на суперхерои кои ја надминале таа сума на заработка.
Главната улога во филмот ја толкува Чедвик Бозман , кој го игра ликот на кралот Виканда на една фиктивна нација која поседува најнапредна технологија во светот.
Колку е голема заработката на овој филм, за чии квалитети говорат и добрите критики ,просудете и сами во однос на заработката на останатите четири најдобро пласирани филмови од оваа топ 5 листа на филмови со најголема заработка во првите месеци од оваа 2018 година.
На високото второ место од оваа листа на филмови со голема заработка,очекувано, се најде еротската драма „Педесет нијанси ослободени“ кој својата премиера во кино салите ја имаше на 9. февруари.Велиме очекувано , бидејќи се работи за филм кој преставува трет дел од серијалот филмови кој е базиран врз светскиот бестселер „ Педесет нијанси“а чии први две продолженија во 2015 и 2017 година успеаја да заработат речиси 950 милиони долари.Од таму очекувано беше сите оние кои веќе ги виделе првите два филма тоа да го сторат и со третата приказна и да ја откријат докрај приказната за Кристијан Греј и Анастасија Стил кои ги отелотворија актерите Џејмс Дорнан и Дакота Фенинг.
Тртото продолжение имал продукциски буџет од 55 милиони долари кој е покриен со такаречи двојната заработка остварена само од прикажувањето во САД ( заработка од 98 милиони долари).Инаку неговата вкупна заработка во светски рамки досега изнесува 360 милиони долари.
Дека триолгиите, особено оние успешните, им носат добра заработка на филмските компании, говори и третото продожение од триологијата „ Лавиринт“ која започна во 2014 година заработувајќи 348 милиони долари. Второто продолжение „Лавиринт:Бегство низ пустошот“во 2015 година заработи 312 милиони долари а третото продолжение на оваа триологија„ Лавиринт:Лек за смртта“ кој премиерата ја имаше на 26 .јануари, досега заработи 282 милиони долари.Ако се земе во обзир релативно нискиот буџет од 62 милиони долари и дека се работи за трет филм кој врти иста приказна, заработката од 282 милиони долари и не е така мала.Ако кон ова се додаде и податокот дека вкупната заработка на оваа триологија се ближи кон една милијарда долари, тогаш предмалку изречената констатација дека триологиите се исплатливи добива уште една потврда.
Меѓу петте филмови со најголема заработка на почетокот на оваа 2018 година , што ретко се случува, се најде и еден неамерикански филм. Се работи за англиско француската копродукција „ Мечето Падингтон 2“кој во светски рамки досега (премиерата ја имаше на 12. јануари)има заработка од 218 милиони долари.Овде мора да се каже дека и првиот филм за мечето Падингтон во 2015 година исто така помина мошне добро заработувајќи во светски рамки 268 милиони долари.
Оваа листа од пет филмови со најголема заработка во првите месецо од оваа 2018 година ја заклучуваме со хорор филмот„ Подмолен: Последниот клуч“ со вкупна заработка во светски рамки од 166 милиони долари.Но, мора да се каже дека иако оваа бројка е најмалата во оваа низа , ако се говори за печалбата на оние кои вложиле во овој хорор, таа е најголема. Имено Буџетот на филмот изнесувал „само“ 10 милиони долари а заработката досега е 16.5 пати поголема од вложените пари во него.
Овде треба да се спомене и тоа дека се работи за четврти филм од овој мошне успешен серијал чиј прв филм „ Подмолен“ пред гледачите излегол во 2011 година.Неговиот буџет бил 1,5 милиони долари а заработил фантастични 97 милиони долари или ако сакате 64 пати повеќе. Тој тренд продолжил и понатака. Во 2013 година следувало второто продолжение со буџет од 5 милиони и заработка од 161 милион долари и третото продолќение во 2015 година со буџет од 10 милиони долари и „ најмала“ заработка од 112 милиони долари.
Ако пак се собере вкупната заработка на оваа франшиза од четирите продолженија , се доаѓа до вкупна сума од 538 милиони долари, што на прв поглед и не е толку голема. Но, ако се земе вкупниот буџет за сите четири филма од „ смешни“ 26, 5 милиони долари , тогаш работата воопшто не изгледа смешна.
Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк