• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, мај 16, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Филмољубие

Која актерка заработува најмногу?

август 28, 2016
in Филмољубие

Интересот за тоа колку заработуваат филмские ѕвезди одсекогаш бил голем без разлика на тоа дали се работи за машките или женските актери

 .Веднаш  мора да се каже дека хонорарите на машките филмски ѕвезди се поголеми од оние на женските. Така според информациите кои доаѓаат од Холивуд хонорарите на актерите од таканаречената  А листа се движат од 10 до 20 милиони долари. Но, дека и актерките не се за потценување(барем што се однесува до заработкатa) говори податокот дека во 1963 година актерката Елизабет Тејлор за улогата во филмот „ Клеопатра “ добила хонорар од еден милион долари со што станала првата актерка која добила толкав хонорар.

А за тоа колку заработуваат денес познатите филмски актерки, наодамна магазинот „Форбс“ ја објави листата на десетте најплатени актерки во измината година .

Вкупната заработка на 10те најплатени актерки во изминатата година за периодот од 1.јуни.2015 до 1.јуни 2016 година , изнесува 205 милиони долари пред одбивањето на порезот и таксите.

Интересно е да се напомене дека меѓу првите десет се наоѓаат дури шест актерки кои биле на оваа листа и во изминатата година.Така на годинешната листа ги нема Анџелина Џоли, Риз Витерспун, Ен Хатавеј и Кристен Стјуарт. На нивните места дојдоа четири нови актерки меѓу нив и една која доаѓа од Индија. Интересно е и тоа дека годинешните заработки дури кај пет актерки се помали од минатогодишните.

Еве како изгледа листата на 10 те величенствени актерки според заработката  за оваа година.

ак 1

10.ДЕПИКА ПАДУКОНЕ  (заработка 10 милиони долари)

За првпат на листата меѓу десетте актерки кои заработиле најмногу во изминатата година ,се најде една Боливудска филмска ѕвезда. Се работи за актерката Депика Падуконе кој со заработените 10 милиони долари во текот на изминатиот годишен период се најде на 10 то место на оваа листа на магазинот „ Форбс“.

Интересно е да се спомене дака оваа актерка е родена пред триесет години во Копенхаген во Данска и дека нејзин татко е шампионот во бадминтон Пракаш Падуконе. Таа својата филмска кариера ја започнала пред десет години и досега успеала да настапи во триесетина индиски филмови од кои три ќе бидат прикажани во следната 2017 година.

ак 2

9.МИЛА КУНИС (заработка од 11 милиони долари)

И Мила Кунис за првпат се најде меѓу десетте актерки со најголема заработка. Таа е родена во Украина како Милена Марковна Кунис а само пред неколку дена ,на 14 август го прослави својот 33 роденден . Таа е сопруга на американскиот актер Ештон Качер. Моментно е актуелна со улогата во телевизиската серија  „ Семејни момчиња“ каде го игра ликот на Мег Грифин како и со играниот фим „Лоши мајки“. Се паметат и нејзините улоги во комедиите „ Тед“  и „ Тед 2“ како и во оскаровскиот „ Црниот лебед“ на режисерот Дарон Аронофски:

И еден интересен детал за неа.Таа има очи со различна боја, едното и е со кафеава а другото со зелена боја.

ak 3

8. ЏУЛИЈА РОБЕРТС (заработка од 12 милиони долари)

За оскаровката Џулија Робертс не треба многу да се говори од причина што нејзината успешна актерска кариера е создадена од 50тина успешни филмови како кај критиката така и кај публиката. Вратите на успехот таа ги отвори во 1990 година со блокбастерот „ Прекрасна жена “а своте позиции ги зацврсти десет години подоцна со освојување на Оскарот за улогата во фимот „ Ерин Брокович“ . Иако денес не е на врвот на својата кариера сепак нејзиното име и понатака ја привлекува публиката во кино салите а критиката е задоволна од она што таа го остварува. Доказ за тоа секако се и нејзините два филма („ Игра на пари“ и „ Ден на мајката“) со кои таа во моментов е актуелна и со чија успешност се искачи на осмото место на оваа листа на најдобро платените актерки со заработени 12 милиони долари.

Инаку Џулија Робертс и изминатата година беше на оваа листа изготвена од „Форбс“. Изминатата година таа имаше заработка од 16 милиони долари и беше на шестото место.

ak 4

7.ЕЈМИ АДАМС ( заработка од 13,5 милиони долари)

Кариерата на актерката Ејми Адамс започн некаде таму на почетокот на овој милениум  и досега успеа да наниже педесетина улоги  во филмски и телевизиски проекти. Мора да се каже дека тоа мошне успешно го прави бидејќи во овој краток период успеа да освои дури пет номинации за наградата Оскар но и да одигра улоги во неколку успешни филмски остварувања. Едно од нив секако е улогата во филмот  „Бетмен против Супермен:Зора на правдата “ од оваа 2016 година каде го играше ликот на Луис Лејн, улога која и донесе убава заработка и ја искачи на седмото место на магазинот„ Форбс“.

ak 5

6. ЧАРЛИЗ ТЕРОН(заработка од 16,5 милиони долари)

Меѓу новите актерки кои оваа година се најдоа на оваа листа е и актерката Чарлиз Терон со заработени 16,5 милиони долари кои таа ги остварила пред се од актуелниот филм „Ловецот и ледената кралица“каде го игра ликот на Равена ,кој иако не го оствари очекуваниот финансиски успех на Чарлиз очигледно и’ донел висок хонорар чија вкупна вредност ја надополнил и возобновениот хонорар со „Диор“ за чии потреби го рекламира парфемот J`Ador.

ak 6

5.ФАН  БИНГБИНГ(заработка од 17 милиони долари)

Кинеската актерка Фан Бингбинг е една од најпопуларните актерки во својата земја. Освен тоа таа направи и извонредна кариера во САД настапувајќи во неколку блокбастери. Оваа година таа е актуелна со акционата комедија „Скиптрејс“во режија на Рени Харлин каде нејзини партнери се Џеки Чен и Џони Кноксвил како и во кинеската драма „ Дамата од портретот“. Со заработката од овие два филма таа се искачи на високото пето место од оваа листа.Фан Бинбинг и изминатата година беше на оваа листа  кога со заработени 21 милион долари се најде едно место погоре.

ak 7

4.ЏЕНИФЕР АНИСТОН(заработка од 21 милион долари)

Актерката Џенифер Анистон својата популарност ја постигна со настапот во популарната тв серија „ Пријатели“ . Таа редовно се наоѓа на оваа листа на актерки со најголема заработка. Таа е една од ретките актерки од оваа листа чија заработка оваа година е поголема од изминатата година кога заработила 16.5 милиони долари. Со заработените 21 милиони долари од филмовите „ Ден на мајката“ и „Божиќ во канцеларија“кој во кино салите доаѓа во почетокот на декември, таа се искачи на високото четврто место.

ak 8

3.СКАРЛЕТ ЈОХАНАСОН ( заработка  од 25 милиони долари)

Настапувајќи во три филмови кои беа прикажани во оваа 2016 година (блокбастерот

„ Капетан Америка:Граѓанска војна“, „ Хаил Цезар“ и „ Книга за џунглата“ каде го позајми гласот на змијата Ка) заработи 25 милиони долари. Скарлет Јохансон и во изминатата година беше една од оние кои заработале најмногу. Тогаш заработи 35, 5 милиони и се најде на второто место.Според магазинот „ Форбс“ во годинешната заработка е влезен и хонорарот што Јохансон го добила за настапот во акционата крими драма „ Дух во школка„ на режисерот Рупрет Сандерс чија премиера е закажана за 2017 година.

ak 9

2. МЕЛИСА МЕКАРТИ ( заработка од 33 милиони долари)

На високото второ место на оваа листа се најде комичарката Мелиса Мекарти со заработени 33 милиони долари што изнесува дури 13 нилиони повеќе од изминатата година кога со заработените 20 милиони долари беше на третотоместо на листата за 2015 година.Ваквиот годинешен успех се должи на филмовите„ Шеф“ и римејкот односно женската верзија на блокбастерот „ Истерувачи на привиденија“ во кој таа толкува едена од главните улоги.Голем удел во нејзината заработка има и актуелната тв серија „ Мајк и Моли“во која таа го игра ликот на Моли Флин веќе шест сезони и тоа со голем успех .

ak 10

1.ЏЕНИФЕР ЛОРЕНС (заработка од 46 милиони долари)

Веќе втора година едноподруго на првото место на оваа листа изготвена од магазинот „ Форбс“ се наоѓа 26 годишната актерка Џенифер Лоренс со вкупна заработка од 46 милиони долари. Но, веднаш мора да се каже дека иако нејзината заработка од второпласираната  46 годишна Мелиса Мекарти е поголема за 13 милони долари, сепак нејзината лична заработка е помала од онаа остварена во измината година за 6 милиони долари но доволна и оваа година да се најде на првото место на листата на актерки со најголема заработка. Најголем удел во нејзината заработка е од профитот на филмот „ Игри на гладта“ но и од профитот од филмовите „ Икс мен: Апокалипса“ и „Џој“. Удел во вкупната заработка има и хонорарот од нејзиниот најнов филм  „Патници“ кој премиерата ќе ја има кон крајот на декември оваа година.

Иако се работи за навистина големи заработки,агенцијата  „Асошиетед прес “ констатира дека е добро да се биде во филмската индустрија , но дека е уште подобро да се биде во музичката индустрија.

Имено, некаде на почетокот на ова лато, потсетува АП, „Форбс“ направи листа на заработката во индустријата на забавата, според која на првото место била Тејлор Свифт со заработени 170 милиони долари а следува групата „ Уан Дирекшн“ со заработени 110 милиони долари.

Кога ќе спореди филмската со музичката заработка излегува дека таа е помала дури за 3,6 пати. Но, сепак да не заборавиме се работи за заработка изразена во МИЛИОНИ ДОЛАРИ…

Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк

Посетеност: 87
Share
Previous Post

Пост фестум „Охридски трубадури – „Охрид фест“

Next Post

Група „Македонија“ – „Летај,летај галебе “

Next Post

Група „Македонија“ - „Летај,летај галебе “

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 87

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk