
Ви ја претставуваме најновата авторска песна ”Која си ти”од Александар Петрески.
-Ја напишав минатото лето, една година ја свирев и пеев за себе, за да по некое време (тоа го правам со најголем дел од песните) по природен пат си добие свој карактер.
Музиката, текстот, аранжманот и миксот се мое дело.
Голема благодарност до сите кои дирекно и индирекно ми помогнаа да го реализирам овој проект:
Климент Симоноски – Видео продукција
Ангела Ивановска – Модел
Зоран Кречо Krecho Sound Studio – Мастеринг
Видеото е снимено на неколку локации во магичниот Охрид, кои како и секогаш, нудат бескрајно уживање, вели Петрески.
Публицитет.мк







