За празничните трпези и за секој убав ден – крцкави колачиња кои асоцираат на топлина и хармонија во домот. Прочитајте и направете со состојки кои ќе ги најдете во продажната мрежа под знакот АЛПОЈО
Брзи и едноставни за подготовка, колачи со кокос.
Потребни состојки:
60 грама интегрално брашно
100 грама кокосово брашно
80 грама мелени бадеми
30 грама шеќер
60 грама маргарин
3 лажици мед
1 кесичка прашок за печење
Сок од еден лимон и еден портокал
Подготовка:
Веднаш вклучете ја рерната на 200 степени да се загрее. Во сад додадете маргарин, мед, шеќер и почнете да месите, додајте го кокосот, мелените бадеми, брашното и прашокот за печење.
Исцедениот сок од портокал и лимон додадете ги во смесата и добро замесете. Од оваа смеса формирајте мали колачи, величина и облик по ваша желба.
Наредете ги во тепсија обложена со хартија за печење, печете околу 10 минути.
Печените колачи оставете ги да се изладат и стегнат. Послужете ги со кафе или чај.
Колачиња со ореви и шеќер во прав
СОСТОЈКИ
Путер(1 Чаша)
Шеќер во прав(1/2 Чаша)
Екстракт од ванила(1 Кафена лажица)
Брашно(2 1/4 Чаши)
Сол(1/4 Кафена лажица)
Сечкани ореви(3/4 Чаша)
За овој рецепт се потребни помалку од 45 минути
- Со миксер пенасто изматете ги омекнатиот путер, шеќерот во прав и ванилата.
- Додавајте ги постепено брашното и солта и матете.
- Додајте ги сечканите ореви и измешајте ја смесата со лажица.
- Од тестото формирајте топчиња со големина на орев, редете ги одделени едно од друго врз хартија за печење во плех.
- Печете ги на 200 степени околу 10-12 минути или додека добијат златнокафена боја.
- Извадете ги од рерна и оставете ги настрана малку да се оладат.
- Кога малку ќе се подоладат, наросете со шеќер во прав и оставете ги целосно да се оладат. Можете по желба да ги извалкате колачињата по втор пат во шеќер во
Потребно е :
3 филџани гриз
1 квасец
3 филџани зејтин
3 филџани вода
1 ванила
1 пециво
2 лажици какао
брашно по потреба
За шербет потребно е:
700 гр шеќер
700 гр вода
1 ванила и
сок од 1 лимон
Од првите состојките се меси тесто. По потреба се додава брашно додека не се добие убаво тесто за работа. Се дели тестото на два дела и во едната половина се додава какаото. Се меси додека не се добие една хомогена смеса.Се рсукува кора во правоаголен облик и од белото и од црното тесто. Се ставаат едно врз друго и се витка во ролат. Се сечат кругови и се печат легнати во тавче на 130-150 степени додека не заруменат.Се покриваат за подобро да го впијат шербетот
Добар апетит !
Потребни состојки:
Состојките се замесуваат и се прават форми по желба. Се ставаат на решетка за да се чоколадираат или се потопуваат во растопено чоколадо.
Среќни и вкусни празници АЛПОЈО – Охрид.
Публицитет.мк