Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и
признанија, денес 24 Ноември 2015 година ги разгледа апликациите по Конкурсот
ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ПОВЕЛБА – ПАТРОН НА ГРАДОТ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“
Комисијата со жалење констатираше дека се пристигнати САМО 3 апликации за
доделување на Повелбата што не е добар сигнал и што изразува демотивираност за
општинските највисоки признанија. Охридската доблест и значење секако дека
заслужува многу подобро и многу повеќеи како квантитет и како квалитет.
Воедно, со цел задржување на реномето на највисоките Општински признанија
Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и
признанија ЕДНОГЛАСНО одлучи
за 2015 година да НЕ се доделува ПОВЕЛБА – Патрон на Охрид – Свети Климент
Охридски.
Оваа одлука воедно треба да биде чин кој треба да биде пресврт во
ангажираноста , мотивираноста во промоцијата и развојот на Општината Охрид во
наредниот период.
Охрид 24.11.2015 год.
Дејан Пановски
претседател на Комисијата