Во студиото на Јовица Караливески ноќва беше завршена најновата компилација на Петар Нечовски под наслов: „Животот низ песна“.
На ЦД-то се наоѓаат петнаесетина новокомпонирани песни речиси сите авторство ( музика и текст) на Енвер Рашити, загрепчанецот од Охрид а аранжманите се на Јовица Каралиевски. И што е најважно сите до една од првата соработка „Охрид , граду бисерен“ од пред петнаесеттина години до оваа последната под наслов „Дојди во Охрид“ Петар Нечовски ги има изведено на фестивалот „Охрид фест“ – „Охридски трубадури“ . Оваа музичка фешта речиси сите ја викаат фестивалот на Копров .
Задоволството на триото Нечовски, Рашити, Каралиевски е поголемо што со дел од песните кои точно се дел од нивниот живот и спомените победувале на фолк вечерта,а освоиле бројни награди од жирито и публиката.
На пример за последната „Дојди во Охрид“ Петар Нечовски ја доби нај посакуваната награда за изведувачите, наградата за интерпретација.
Петар пеел многу други песни од многу автори,а Јовица снимал и аранжирал безброј мелодии , но ова ЦД е поразлично од другите ова е плод на долгата соработка меѓу тројца охриѓани.
Едно ЦД како плод на нивната долгогодишна соработка е заокружено, време е да се сврти нова заедничка страница со по некој нов заеднички хит.
Публицитет.мк