Вчера и денеска екипа на Ј.П. “Охридски Комуналец” покрај другите активности, вонредно се ангажирани на чистење на чаршијата од гуми за џвакање (мастики).
Се чистеше на потегот од плоштадот „Св.Климент Охридски“ до плоштадот „Крушевска Република“ кај Чинарот. Акцијата се врши во раните утрински часови кога по чаршијата нема многу посетители, а отстранувањето на гумите за џвакање го вршат 4 комунални работници со специјални шпакли.
Публицитет.мк