Денес екипите на ”Ј.П. Охридски Комуналец ” започнаа со замена на старите и дотраени корпи за ситен отпад со нови.
Беа заменети 10 корпи во паркот кај градското пристаниште а во наредните денови ќе се врши замена на корпите за ситен отпад и на останатите места.
baseline; max-width: 100%; height: auto;”> http://www.ohridskikomunalec.com.mk/wp-content/uploads/2018/09/mali_img-1-2-225×300.jpg 225w” sizes=”(max-width: 300px) 100vw, 300px” style=”margin: 0px; padding: 0px; vertical-align: baseline; max-width: 100%; height: auto;”>
Екипите на „Јавна хигиена“ при ЈП „Охридски Комуналец“ денеска реализираа акција за отстранување на гумите за џвакање од мермерните плочи на Охридската чаршија, на потегот од плоштадот „Св.Климент Охридски“ до плоштадот „Крушевска Република“ кај Чинарот.
Акцијата беше спроведена во периодот од 3 часот по полноќ, до 9 часот наутро,
заради помалата фреквенција на движење по чаршијата. Во одстранувањето на гумите за џвакање беа ангажирани 6 комунални работници со специјални алатки.
Извор: www.ohrid.gov.mk