После речиси 7 години, имаме чест да ви го претставиме нашето најново музичко остварување, овојпат во форма на ЕП албум насловен како „Вино & Oi!“.
-Промоцијата на цд-то, кое соддржи пет музички записи, ќе биде на 14-ти февруари во нашиот втор „дом“, Irish Pub Balaban.
Како големи љубители на виното кое ни дава неисцрпна инспирација за творење, настанот го „темпиравме“ за празникот кога традиционално се зарежуваат лозјата, св. Трифун. Добредојдени се сите наши другари, пријатели и познаници, односно вљубеници во панк-рокот!, изјави Оливер Трајчески – Панкероски од групата „Комунална хигиена“.

Албумот наскоро ќе биде достапен онлајн, а сите подржувачи на македонската андерграунд сцена ќе имаат можност да набават хард-копија од албумот по цена од 100 денари.
Концертна промоција очекувајте во летниот период, а до тогаш наздравувајте со црвен „аператив“. Наздравје! Вино & Oi!!!!14.02.2016
недела
почеток: 20:00
влез слободен
наливно вино 50 денари
Публицитет.мк






