• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
понеделник, јули 7, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

Конечно „зелено светло“ од Брисел за Скопје

март 24, 2020
in Актуелно
Конечно „зелено светло“ од Брисел за Скопје

Министрите за европски прашања на земјите-членки на ЕУ денеска одобрија почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија. За Скопје нема никакви дополнителни услови од Брисел.

„Добри вести во овие мрачни времиња“, порача германскиот државен министер за европски прашања Михаел Рот на Твитер, нарекувајќи ја одлуката „вин-вин“ за ЕУ и за Западниот Балкан.

„Честитки за Тирана и Скопје, го заслужија ова“, напиша Рот.

Европската комисија веќе подолго време смета дека двете земји се подготвени да ги започнатпреговорите, но отпорот на некои земји-членки како Франција,  Холандија и Данска, досега го блокираше консензусот.

Денешната одлука на Советот за општи работи на ЕУ беше донесена на видео-конференција и формално е верификувана и во пишана процедура.

Комесарот за проширување Оливер Вархеји преку Твитер изрази задоволство од одлуката и порача дека овој потег „испраќа гласна и јасна порака до Западниот Балкан: Вашата иднина е во ЕУ“.

Македонскиот премиер Оливер Спасовски попладнево ја поздрави одлуката, оценувајќи дека се работи за „убава вест во исклучително тежок момент“.
„Без договорот од Преспа и договорот со Бугарија овој денешен успех немаше да биде можен“, порача Спасовски во обраќање на прес-конференција заедно со вицепремиерот Бујар Османи и шефот на дипломатијата Никола Димитров.

Како што кажа и Рот пред почетокот на денешниот состанок „ова е почеток на долг и напоред пат“. Датумот за почеток на преговорите дополнително ќе се утврди, но за Северна Македонија, за разлика од Албанија, нема никакви дополнителни услови.

Првата меѓувладина конференција ќе биде одржана веднаш по утврдувањето на преговарачката рамка, рече министерот Димитров. 
„Бидете горди дека денес остваривме дел од заветот на нашите баби и дедовци, и отворивме нова перспектива за идните генерации“, рече Димитров.

Извор: www.dw.com 

 

Посетеност: 70
Share
Previous Post

Асфалтирани краци на улица „Прилепска“

Next Post

Филипче: Затворено е Одделението за трансфузиологија во Охрид

Next Post
Филипче: Затворено е Одделението за трансфузиологија во Охрид

Филипче: Затворено е Одделението за трансфузиологија во Охрид

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 70

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk