Серџо е од Салерно поранешен шампион во кошарка. Тој на своето име го додаде прекарот “Мусунгу” – кој на свахили значи “бел човек” – во чест на племето што секое лето го угостува.
Моментално е добар инструктор по мини баскет. Цели пет лета (ова ќе биде шесто), после спортската сезона, оди во Африка, каде што го поминува својот одмор не во хотел или во некое раскошно одморалиште од соновите, туку во зафрлено село на суб-сахарска Африка, во Кенија.
-Толку многу луѓе во текот на овие години ме прашуваат зошто проектот не го започна со градење на една менза за да ги нахраниш сиромашните, како што често се слуша наоколу, туку со градење на кошаркарски терени во таква оддалечена област на Кенија.
Одговорот е многу едноставен. Јас постапувам по она што го видов и искусив од прва рака, а тоа е од истата причина што почнав да патувам во последниве години и да го следам овој луд сон. Се разбира, ако видев или доживеев силна слика, јас би постапил поинаку, или можеби не имаајќи вештини, ниту знаење за да може да се постапи во таа област. Би им се обратил на оние кои можат да направат нешто на мое место. Но Африка е толку голема што понекогаш се генерализира сето она што се емитува на Запад, заборавајќи дека има 54 членки, нешто повеќе од нашите во Европа.Тоа е како да се споредат Португалија или Белорусија, географски спротивно, вели Серџо.
-Народот самбуру ме освои од мојот прв ден таму! Тоа е фасцинантно место, луѓето се учтиви и љубезени, се претставуваат со сладост и секогаш ве гледаат дирекно во очи со наивност на човек ( луѓе) кои никогаш не видел(е) насилство и злоба околу нив! Има толку многу сиромаштија, но тоа е друга сиромаштија поразлична од постојната кој што ја има во други области на големиот црн континент, ни раскажува Серџо.
-Ова е достоинствена сиромаштија, на оние кои ја живеат без да сакаат ништо повеќе и ништо помалку, и тоа е за истата причина што му се насмевнуваат на животот презентирајќи се со својата убава бела насмевка и своите фасцинантни свахили “Абарис асубуњи” – добар ден. Јас не сум спасител на светот, но веќе променувајќи го мојот свет за мене тоа значеше голема победа!, додава Серџо.
Гледајќи ги со колку страст играат кошарката, верувајте ми, тоа за мене е едно непроценливо задоволство! Токуму, поради ова нема да се откажам така лесно од мојот проект, вели Серџо.
Кои се и што се луѓето Самубуру од Кенија?!
Самбуру се Афричка етничка група широко распространета во северниот дел на централна Кенија. Го зборуваат јазикот самбуру, кој припаѓа на јазичната група на масаи, со кои тие се тесно поврзани.
Племето Масаи, се полу-номадски сточари; зебу раса, коишто се знимаваат со овци, кози и камили; а неодамна тие почнаа да одгледуваат пченка, компири и кинеска шеќерна трска. За разлика од масаи, самбуру се хранат и со дивеч.
Името самбуру доаѓа од зборот самбурр, што укажува на кожна торба која самбуру секогаш ја носат со себе. Социјалната структура, е поделена по возрасни групи, се чини дека е одличен пример за геронтократија, дури и ако контактот со западната култура е рушење на важноста на старите лица
Полигамијата е дозволена и широко распространета меѓу самбуру; една населба самбуру (наречена нканг или енганг или манѕатта) може да ја соочинуваат еден човек и неговите жени; секоја жена гради својот дом со локално пронајдени материјали, како што се стапови, кал и кравја лепешка. Поголемите населени места генерално се две-три семејства. Само ритуал населби (лорора) се со многу поголема големина (20 или повеќе семејства). Селата самбуру се лоцирани обично на брда. Жените се декорираат на вратот со ѓердани направени од кожа (како масаи) исто така и од слонови влакна од опашка; носат бразлетни од бакар, месинг и алуминиумски на рацете и зглобовите од нозете.
Пишува: Наумка Кузеска