• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 29, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

Ковачевски: Економско-енергетскиот совет донесе одлуки со кои се обезбедува топлинска и електрична енергија

септември 28, 2022
in Актуелно
Ковачевски: Економско-енергетскиот совет донесе одлуки со кои се обезбедува топлинска и електрична енергија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, на вонредната прес-конференција ги соопшти одлуките кои вечерва беа донесени на Економско-енергетскиот совет, а во насока на стабилно обезбедување на топлинска и електрична енергија.Во продолжение е интегралното обраќање на премиерот Димитар Ковачевски:
 
Економскиот-енергетскиот совет штотуку заврши и донесовме одлуки кои сакам да ги споделам со јавноста, а се однесуваат на сигурно, стабилно снабдување со енергенси во наредниот период.
За граѓаните на Град Скопје.
 
1. На 15 октомври започнува грејната сезона. Парно за скопјани ќе има. Донесена е одлука за почнување на постапката за издавање на лиценца за производство на топлинска енергија од регулиран пазар согласно член 6 од Законот за енергетика на ЕСМ. Ги повикувам Град Скопје, Регулаторна комисија за енергетика и Комисијата за заштита на конкурентност во најбрзо време да дадат позитивно мислење, со што ќе се створат условите за целосно функционирање на ЕСМ со топланите.
2. Обезбедени се финансиски средства за потребните енергенси за топлинска енергија.
 
Во однос на електрична енергија. Домаќинствата и малите потрошувачи ќе добијат сигурна, стабилна и континуирана испорака на електрична енергија. 80 % ја субвенционираме сметката за електрична енергија за 650 илјади домаќинства, а над 70 илјади компании и други правни субјекти (до 2 милиони евра годишен промет) ќе добијат субвенционира електрична енергија која е три пати пониска од берзанската.
Дополнително донесовме одлука, на регулиран пазар да бидат и основните и средни училишта на територијата на цела држава, без разлика што обврската за обезбедување на образовниот процес е на самите општини.
 
Исто така донесовме одлука со која сите јавни и здравствени установи ќе бидат обезбедени со електрична енергија преку ЕСМ продажба по поволна цена од берзанската. Затоа што грижата за граѓаните и обезбедување на здравствена заштита е императив на оваа Влада.
 
Владата се грижи за сите подеднакво.
Оваа криза рековме дека заеднички ќе ја пребродиме како што ја пребродивме и ковид кризата.
Ја користам оваа прилика, покрај овие одлуки кои вечерва ги донесовме за справување со енергетската криза, да апелирам до сите граѓани да продолжиме со мерките за штедење. Секој киловат час заштеден значи заштеда на нашиот буџет и повеќе пари за инвестиција во нови енергетски и инфраструктурни проекти кои ќе го подобрат во иднина снабдувањето со електрична енергија и ќе го подобрат квалитетот на животот.
Заврши времето на изобилие со електрична енергија во Европа. Сега е време на штедење и тоа штедиме за да имаме електрична енергија.
Утре како што знаете почитувани имаме седница за пратенички прашања.
Сакам да им укажам на Собранието и на пратениците од сите политичките партии да се одважиме заедно и конечно да се обединиме за интересот на граѓаните, и пред започнувањето на седницата да ги изгласаат Законот со кој се обезбедуваат финансиски средства од ЕБРД, пари одобрени од ЕБРД за справување со енергетска криза на Република Северна Македонија по исклучителна каматна стапка, измените во Законот за енергетика и Законот за нафта и нафтени деривати и усвојување на кризна состојба.
 
Ова не е време за политички поени, туку е време за разум, солидарност и социјална грижа.
Ова е само прв сет на одлуки на Економско-енергетскиот совет.
 
Како што ветивме, се грижиме за ранливи категории на граѓани кои ќе бидат подржани преку соодветен сет на дополнителни мерки кои што наскоро ќе бидат објавени.“
 
Публицитет.мк 
Посетеност: 93
Share
Previous Post

Премиерот Ковачевски му врачи стипендија на младиот пливач Марко Пејчиновски

Next Post

Денес им е роденден: Биљана Котушеска

Next Post
Денес им е роденден: Биљана Котушеска

Денес им е роденден: Биљана Котушеска

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 93

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk