• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, септември 19, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Ковачевски: Ги унапредуваме работничките права, секој има право на одмор и неделата да ја помине со семејството

јануари 23, 2022
in Тикер
Ковачевски: Ги унапредуваме работничките права, секој има право на одмор и неделата да ја помине со семејството

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, заедно со министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, денеска го посетија семејството Шишковски со цел да ја запознаат Стефанија, млада жена која работи во локален супер маркет, и која со законското решение неделата да биде прогласена за неработен ден сега има повеќе време да им се посвети на семејството и на личниот поквалитетен живот.
 
Премиерот Ковачевски, Стефанија и нејзиното семејство се согласија дека е многу важна рамнотежата помеѓу професионалниот и приватниот живот и дека таа придонесува работниците како Стефанија да бидат помотивирани, поодморени и поефикасни на работното место.Со ова законско решение, рече премиерот Ковачевски на средбата, е направен уште еден исчекор кон унапредување работничките права и социјалната правда со што е продолжена грижата и поддршката за работниците како приоритет на Владата.Претседателот на Владата изрази благодарност до работодавачите и стопанските комори, како и до синдикатите кои го поддржаа ова законско решение и додаде дека одделните разлики што се појавија во имплементација на неработниот ден ќе бидат усогласени во интерес на сите.Ковачевски потенцираше дека работниците се движечката сила на економијата и на развојот на нашето општество и затоа и грижата за нив треба да биде на највисоко ниво.„Токму затоа за неполни четири години минималната плата од 9.000 е покачена на над 15.000 денари што е повеќе од 6.000 денари месечно по вработен, или 72.000 денари повеќе во семејството“, рече на средбата Ковачевски.Тој додаде дека државата ќе биде секогаш тука да ги унапредува правата на работниците, економијата и животниот стандард на граѓаните и со поддршка на растот на платите.
 
Публицитет.мк 

 

Посетеност: 88
Share
Previous Post

Авторката на „Рисот Ристе“ за Водици влезе во водите на Охридското Езеро и испрати јасна порака

Next Post

Бројот на починати од Ковид -19 никако да се намали

Next Post
Бројот на починати од Ковид -19 никако да се намали

Бројот на починати од Ковид -19 никако да се намали

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 88

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk