• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, август 8, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Ковачевски: Продолжуваме со субвенционирање на 80% од цената на струјата за домаќинствата до крајот на годината

јуни 6, 2022
in Тикер
Ковачевски: Продолжуваме со субвенционирање на 80% од цената на струјата за домаќинствата до крајот на годината

На прашањето кога може да се очекуваат нови пакет мерки за граѓаните и компаниите, при посетата на компанијата „МАК ТАБ“ во Пробиштип,  премиерот Ковачевски истакна дека Владата реагираше веднаш на почетокот на енергетската криза, кога го  намали  на ДДВ на електрична енергија и изврши субвенционирање на 80% на сметките на граѓаните, бидејќи 80% од цената на електрична енергија е субвенционирана од страна на државата и  посочи дека тие мерки продолжуваат до крајот на оваа година.

Во однос на храната, како што подвлече,  прво беа замрзнати цените на прехранбените продукти, а потоа кога таа мерка го исцрпи својот капацитет,  беа ограничени маржите во мало и големопродажбата.

Во овој момент, истакна Ковачевски, се прави редизајн  на дел од мерките и кога ќе бидат направени сите анализи ќе биде воведен нов сет на мерки.

„Не се сите мерки укинати. Поддршката која се дава на граѓаните со најниски примања е останата на сила, следува усогласување на пензиите во септември. Во најголемиот дел од секторите, во јавниот сектор платите се зголемуваат. Исто така во делот на електрична енергија остануваат мерките до крајот на годината“, рече Ковачевски.

Што се однесува до претстојниот ребаланс на буџетот што е предвиден и предложен во Собранието, веќе се предвидени нови 80 милиони евра за антикризни мерки.

„Знаете дека во пакетот од 400 милиони евра имаше дел кој се однесува на компаниите и тоа повеќе мерки за гарантен фонд за подигнување на кредити, потоа кредити со ниска каматна стапка за одржување на ликвидноста и кредити преку развојната банка и комерцијални банки со субвенционирани камати заради енергетска трансформација и имплементација на обновливи извори на енергија во компаниите. Една од тие компании е и „МАКТАБ“ која информираше дека е во финална фаза на отпочнување на изградба на 6 мегаватна централа која што ќе ја снабдува фабриката со електрична енергија“, истакна Премиерот.

Во однос на цените на производите во малопродажбата, Ковачевски потсети дека веќе и дел од министрите информираа дека нема да се дозволи дел од дистрибутерите да ја злоупотребуваат позицијата на растечки цени од увоз и на тоа да додаваат поголеми маржи.

„Инспекциите ќе работат на терен и ќе нема никаква селективност во инспекциите и спроведување на законот, на добрите практики на однесување во услови на најголема криза“, рече Премиерот.

Публицитет.мк 

Посетеност: 124
Share
Previous Post

Недела на јапонски филм по петнаесетти пат во Кинотеката

Next Post

ЈЗУ Специјализирана болница „Св. Еразмо“ – Охрид, почнува со примена на нова метода: „Артроскопска хирургија на рамен зглоб“

Next Post
ЈЗУ Специјализирана болница „Св. Еразмо“  – Охрид, почнува со примена на нова метода: „Артроскопска хирургија на рамен зглоб“

ЈЗУ Специјализирана болница „Св. Еразмо“ - Охрид, почнува со примена на нова метода: „Артроскопска хирургија на рамен зглоб“

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 124

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk