• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, септември 19, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Ковачевски со Рено – Басо: Продолжува поддршката од ЕБОР за Северна Македонија

февруари 28, 2022
in Тикер
Ковачевски со Рено – Басо: Продолжува поддршката од ЕБОР за Северна Македонија

 Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со заменик-претседателот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи и министерот за финансии, Фатмир Бесими, денеска во Лондон оствари средба со претседателката на Европската банка за обнова и развој, Одил Рено-Басо, во рамките на Инвестицискиот самит за Западен Балкан.

Премиерот Ковачевски како исклучително позитивна ја оцени соработката со Европската банка за обнова и развој, со која Северна Македонија е партнер речиси 30 години и во која од 1993 година и до денес банката има одобрено суштински проекти во јавниот и приватниот сектор кои се од огромно значење за животот на граѓаните.

На средбата беше нагласено дека потпишувањето на Меморандумот за разбирање меѓу Владата на Северна Македонија и ЕБОР во ноември 2020 година, претставува значаен чекор напред во рамките на нашата соработка, со што се препознава процесот на пристапување на земјата во Европската Унија преку комбинација на инвестиции и техничка помош.

Напредокот на Северна Македонија во европските интеграции беше видливо поддржан од ЕБОР, рече премиерот Ковачевски и потенцираше дека од посебно значење е поддршката на ЕБОР во наредниот период во инвестициите поврзани со природен гас и учеството на банката во прекуграничната гасна интерконекција со Грција, Косово и Србија, како и цевководи за пренос на природен гас за магистралните гасни коридори Св. Николе-Велес и Гостивар-Кичево.

Ковачевски на средбата ја поздрави одлуката на ЕБОР од Инвестицискиот фонд за Западен Балкан за кофинансирање на источниот дел на железничкиот Коридор 8, последна делница Крива Паланка – граница со Бугарија. Овој проект е еден од најголемите приоритети на Владата, рече Ковачевски, имајќи предвид дека е клучен дел од неодамнешните разговори со бугарската страна, односно е стратешки проект на кој активно работи билатералната работна група во транспортниот сектор.

Ковачевски ја запозна претседателката на ЕБОР Рено – Басо со Планот за стратешки инвестиции 2021 – 2027 кој има за цел да го поттикне долгорочното закрепнување, насочено кон клучни продуктивни инвестиции и одржлива инфраструктура, особено во областите на зелена и дигитална транзиција, конкурентност на приватниот сектор, зајакнување на иновациите и развој на основните социјални сектори, како и за зајакнување на процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ.

Претседателката на ЕБОР Одил Рено – Басо ја поздрави лидерската улога што Северна Македонија ја има во регионалната соработка и додаде дека поврзувањето на земјите од Западен Балкан е од витално значење за економските перспективи и политичката стабилност на регионот.

Публицитет.мк 

Посетеност: 83
Share
Previous Post

Заврши четвртата сезона на Националната кампања „Ги запознаваме ретките болести“

Next Post

Не можеш да правиш зло а да се надеваш на добро

Next Post
Не можеш да правиш зло а да се надеваш на добро

Не можеш да правиш зло а да се надеваш на добро

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 83

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk