Се информираат сите членови на ЗП Охрид и Дебрца дека поради настанатата состојба со корона вирусот ,времено се одлагаат сите активности на здруженито.
По тој повод Извршниот одбор на ЗП Охрид и Дебрца во проширен состав вчера по телефонски пат ја одржа деветата вонредна седница на која едногласно ги прифати одлуката на Владата на Македонија со мерките и препораките на СЗПМ за доследно почитување за заштита и изолација од корона вируст,ковид 19.
На седницата извршниот одбор го прифати и предлогот на СЗПМ за неопределено одлагање на Фолклорните ревии и Спортските натпревари, се додека не се создадат услови за нивно одржување. Ваквиот предлог на СЗПМ, беше прифатен без забелешки.
Со оглед на настанатите состојби со корона вирусот Извршниот одбор донесе едногласно одлука, временски да се одложи и организирањето на еднодневни излети на пензионерите,како резултат на корона вирусот кој е присутен на целата територија на републикава и во соседните држави.Исто така од овие причини е затворен и Клубот на пензионерите за дневен престој на пензионерите.
Единствено Извршниот одбор, донесе одлука да работи само благајната за запишување и уплата на огревно дрво при ЗП Охрид и Дебрца.
Фото – архива
Публицитет.мк