Краткиот филм во режија на Антонио Вељаноски „И(С)ЗГУБЕНИ“, ќе биде прикажан на престижниот филмски фестивал во Сапоро, Јапонија. Kаде што е избран во oфициалната интернационална конкуренција. Фестивалот започнува на 17 октомври.
„И(С)ЗГУБЕНИ“ е филм за осаменоста, надежта и љубовта. Кога осамениот пензиониран лингвист Рудолф (77), оди во пошта, по пат е следен од едно куче од кое не може да се ослободи. Ова ќе доведе до целосна и неочекувана промена во неговиот живот.
Главните улоги ги толкуваат Јан Качер и Марие Дурнова, ко-сценарист на филмот е Алице Крајчирова, директор на фотографија е Владимир Димоски, музиката е на Игор Василев – Новоградска а продуценти на филмот се Елена Станишева и Зоран Вељаноски – Летра.
Ова е осми интернационален фестивал на кој што филмот ќе се прикажува, по проекциите на Фастнет фестивал во Скал, Ирска и Лифт-ОФФ во Лондон, Англија. Филмот беше прикажан и на македонските фестивали во Скопје (Скопје Филм Фестивал), Струга (Дрим Шорт), Охрид (Бич Филм Фестивал), Тетово (Тетово Интернатионал Фестивал ОДА) и Манаки Битола.
Филмот е финансиран од страна на Агенција за филм на Македонија.
Линк од фестивалската страна и од програмата:
https://sapporoshortfest.jp/19/programmes/i-e
Видео од селецкијата на фестивалот каде што има и кадар од „И(С)ЗГУБЕНИ“:
https://www.facebook.com/sapporoshortfest/videos/2467286646687593/
Публицитет.мк