Со одлука на Претседателот на партијата Димитар Ковачевски од денес ОО СДСМ Охрид продолжува напред со нов претседател, со нова сила и енергија. Нов претседател е Кристина Крлеска Деспотоска, се вели во објавата на СДСМ Охрид споделена на социјалните мрежи.
-Голема благодарност до досегашниот претседател Науме Јованоски и до целото раководство на ОО. Честитки за новоизбраниот претседател, Кристина Крлеска Деспотоска. И посакуваме успешна работа, мудри одлуки и големи победи!
СДСМ е повеќе од политичка партија. СДСМ е идеологија.
СДСМ е семејство кое постојано расте и оди кон нови победи, стои во објавата.
Кристина Крлеска – Деспотоска е првата жена избрана за претседател на СДСМ – Охрид, досега. До минатогодишните локални избори беше директорка на ЈП Градски Пазар во Охрид.
Публицитет.мк