
Црвениот крст Охрид продолжува со хуманата мисија реализирајќи ги и зацртаните крводарителски акции.
Следната крводарителска акција ќе се реализира на 24.06.2021 г. (четврток) во просториите на ОСУ „Св.Климент Охридски“-Гимназија, од 9-13 ч., која ќе има за цел да ги задоволи потребите за крв и крвни продукти на пациентите во здравствените установи во Охрид.
Од општинската организација на Црвен крст апелираат до граѓаните да даруваат крв со единствена цел да се спасат човечки животи.
Публицитет.мк







