Од 10-12 Јуни во Јагодина Република Србија се одржа Меѓународна конференција посветена на туризмот и лицата со инвалидитет и достапноста на туристичко – културните содржини за нив. Организатор и домаќин беше училиштетото со дом за деца со оштетен слух и говор „11 Мај”од Јагодина.
На конференцијата со свое излагање на тема „Современиот туризам – придобивка за лицата со посебни потреби” учествуваше и м-р Жарко Куциноски, директор на Државниот Студентски дом „Никола Карев“ од Охрид.
Кинференцијата беше поддржана од Европската Унија а во работниот дел учествуваа претставници од сродни туристички училишта и домови од Италија, Словенија, Србија, Романија, БиХ, С. Македонија.
Наскоро сите презентации ќе бидат објавени во заеднички Зборник на трудови, кажа за Публицитет.мк м-р Куциноски.
Публицитет.мк