Вториот состав на „Ѓердан“ замина на фестивал во Хрватска.
На покана од КУД „Бранислав Нушиќ“ од Борово КУД „ Ѓердан“ од Охрид ќе ја претставува Македонија на 17 –от Меѓународен фолклорен фестивал во Борово- Хрватска.
Според програмата таму ќе настапат и ансамбли од Унгарија,Германија, Србија, Босна и Херцегоивна, Бугарија и домаќинот Хрватска.
Ракводителот и кореограф Татјана Узуноска – Тренеска вели дека младите охридски играорци се подготвувале сериозно цели два месеци и на мини турнејата по Хрватска ги очекуваат три настапи.
-Оваа соработка се „роди“зимата со посредство на нашите пријатели од Бечеј при моето учество на семинарот на Фрушка Гора –Врдник.
Наместо во хотели за поголема дружба меѓу децата беше прифатена нашата идеја таму да се престојува во семејства на играорците – домаќини, вели Тренеска.
За некои од децата ова е прво излегување од Македонија, турнејата ја прифатија со посебна радост, а дел од нив и првпат имаат самостоен пасош.
Публицитет.мк