Членовите на КУД Отекс од Охрид на 22 септември во Чешката национална куќа во Загреб изведоа фолклорно-музички спектакл.
Тие ги играа и пееа најпознатите македонски ора и народни песни.
-Ова не беше само уште еден во низата состаноци со македонската дијаспора со нивните родени сонародници, туку настан кој емотивно ги обедини. Македонските играорци ги оставија душа и срце на сцената, сакајќи на членовите на македонското национално малцинство во Загреб да им ја пренесат енергијата од Македонија, земјата на сонцето.
Публиката не само што го препозна тоа , туку и го награди со одличен аплауз.Овој културен настан се претвори во заедничка веселба меѓу домаќините и гостите.
Иако, членовите на македонското национално малцинство во Загреб имаат неколку фолклорни друштва и хорови, гостите од Македонија, како овие од КУД Отекс им помагаат да го зачуваат својот идентитет и да ги обноват своите традиционални знаења и спомени.
Организатор на овој настан беше Советот на македонското национално малцинство од Загреб.
Извор: http://nacionalnemanjine.hr
Публицитет.мк