Синоќа во рамките на „Вевчанското културно лето“ во просториите на Општина Вевчани беше отворена изложба на дела од канадскиот уметник со македонски корени Мајкл Клос.
Неговите дела „Лица“ во Вевчани стигнаа како резултат на годинава воспоставената соработка меѓу културно –забавната манифестација „На зајдисонце“ во Трпејца и „Вевчанското културно лето“ и културниот мост Торонто – Трпејца – Вевчани.
Новинарот и публицист Мишо Китаноски го претстави творештвото на Клос а нивната животна и уметничка приказна пред присутните накусо ја раскажаа Мајкл и неговата сопруга Менче.
Милчо Јованоски од Здружението „За Трпејца со љубов“ и Мишо Китаноски, неформален личен советник на градоначалникот Цветомир Угриноски најавија дека соработката догодина ќе биде продлабочена и дека првиот чекор покажал како со здружени сили може да се развива културниот туризам и во регионални рамки.
Публицитет. мк