• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, октомври 10, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Култура

Културолошката иницијатива „5 до 12“ од Охрид објави три конкурси за млади

јуни 27, 2020
in Култура
Културолошката иницијатива „5 до 12“ од Охрид објави три конкурси за млади

Како да се разбие летната досада а да се биде креативен. Културолошката иницијатива „5 до 12“ распиша Конкурс на тема: Културата расте со младите.

Спојот на традицијата и младешката сила како есенцијален дел од културниот придонес во општеството.

▫️Колку е важен односот меѓу културата и младите❓
▪️Дали културата може да се развива без младите и младите без културата❓

▫️Дали културното општество им ја покажува вистинската насока на младите❓
▪️На кое ниво е културната свест која дава основа за создавање едно здраво општество❓

▫️Што е потребно да се изгради таква заедница која ќе ги пренесува вистинските вредности❓
▪️Колку на младите им е дозволено да бидат директни учесници во развивање на културниот свет❓

 

kon 1

?Проза (есеј, расказ и сл.)- 300- 500 зборови
⚪️Ликовни творби (слободен стил)
⚫️Поезија(слободен стил)

возрасна граница од 14 до 23 години

НАГРАДИ ***

? Проза:
1. Ваучер во книжарница „Снежана“ (СИВ ОХРИД ДОО) + 2 акредитации за Beach Film Festival (бесплатен влез на цел фестивал) + пакет книги од ПНВ публикации
2. Ваучер во книжарница „Снежана“ (СИВ ОХРИД ДОО) + пакет книги од ПНВ публикации
3. Пакет книги од ПНВ публикации

? Поезија:
1. Ваучер во книжарница „Снежана“ (СИВ ОХРИД ДОО) + 2 акредитации за Beach Film Festival (бесплатен влез на цел фестивал) + пакет книги од ПНВ публикации
2. Ваучер во книжарница „Снежана“ (СИВ ОХРИД ДОО) + пакет книги од ПНВ публикации
3. Пакет книги од ПНВ публикации

? Ликовни творби:
1. Ваучер во книжарница „Снежана“ (СИВ ОХРИД ДОО) + 2 акредитации за Beach Film Festival (бесплатен влез на цел фестивал)
2. Ваучер во книжарница „Снежана“ (СИВ ОХРИД ДОО)
3. Ваучер во книжарница „Снежана“ (СИВ ОХРИД ДОО)

kon copy

Заинтересираните да се пријават во порака на нашата Facebook страна, со име и презиме, возраст и за кој дел од конкурсот се пријавуваат, каде ќе добијат дополнителни насоки и информации. Делата треба да се испратат најдоцна до 30.06.2020. ✌️✌️

Оценувањето на делата ќе се одвива на следниот начин:
– Делата кои ќе бидат избрани од страна на стручната комисија ќе бидат објавени на нашата Facebook страна на 01.07.2020, со што започнува Facebook гласањето кое ќе трае до 05.07.2020. Гласањето ќе функционира на принцип- допаѓања и реакции на секое дело (објава) на авторите.
– Избор на првите три места од секоја категорија ќе биде направен од гласовите на стручната комисија и гласовите на јавноста.
– Конечните победници ќе бидат објавени на 06.07.2020 на нашата Facebook страна.

 

kon 2

Стручната комисија ја сочинуваат:
o За литературните творби (проза и поезија)??
 Светлана Голабоскa – дипломиран професор по македонски јазик и литература
 Ирена Бачиќ – магистер по македонска книжевност
 Тоде Илиевски – писател и член на ДПМ
o За ликовните творби ??
 Катерина Слатинова – дипломиран ликовен уметник
 Сашо Блажески – дипломиран ликовен уметник и магистер по графика
 Софија Грабулоска – ликовен уметник, 3Д артист и магистер по вајарство

*** Оценувачката комисија НЕМА да ги разгледува оние трудови кои ќе пристигнат по предвидениот рок или НЕ се изработени според условите наведени во конкурсот.

Особена благодарност до нашите соработници и спонзори на овој конкурс: книжарница „Снежана“ (СИВ Охрид), издавачка куќа ПНВ Публикации / PNV Publishing и Beach Film Festival Ohrid, велат од Ку„5 лтуролошката иницијатива „5 до 12“.

Публицитет.мк 

Посетеност: 120
Share
Previous Post

За една седмица во Охрид се регистрирани 44 новозаболени од корона вирус

Next Post

За 24 часа нови 150 случаи на Ковид 19, триесет оздравени и девет починати

Next Post
За 24 часа нови 150 случаи на Ковид 19, триесет оздравени и девет починати

За 24 часа нови 150 случаи на Ковид 19, триесет оздравени и девет починати

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 120

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk