• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
среда, септември 30, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Во потрага по трајната убавина

Кузман Поп Стефанија: Како ги „оживеавме“ најубавите, староградски песни

ноември 25, 2015
in Во потрага по трајната убавина

Материјалот за песните појќе го ц’рпефме од Садила.

 

Јас слушајќи го Садила ко дете се вљубив во него и, просто, тој свирит јас го голтам, ’ и голтам песмите. Татко ми, рекоф имаше триесет и седум песми во та Охридско-преспанска лира. И после јас со еден магнетофон одеф по стари охриѓани, оту нас ни беше проблем не само мелодијата, него и зборојте на песмите.

Kuzman Pop Stefanija

Материјалот за песните појќе го ц’рпефме од Садила. Јас слушајќи го Садила ко дете се вљубив во него и, просто, тој свирит јас го голтам, ’ и голтам песмите. Татко ми, рекоф имаше триесет и седум песми во та Охридско-преспанска лира. И после јас со еден магнетофон одеф по стари охриѓани, оту нас ни беше проблем не само мелодијата, него и зборојте на песмите. И одеф, пример, комшија ми беше Викторија Поп Стефанија, та беше извор на песми и ќе ги слушав, дали Викторија или рибарите или некој други стари жени шо живееја во Охрид, или мажи шо беа, шо пееја убаво и знаеја и ја ќе одеф кај ними, ќе ги снимеф на магнетофон и после ги обработвефме песните. Кај нас старите песми охридски се едно дејствие, се десило нешто, некоја работа и на основу то дејствие шо се десило настанала песма. Пример за Зарчета. „Ќе ме грабит…“ (за песната „Ќе ме грабит, нане, тој Никола“-заб), тие ошле да ја грабет, таја избегала кај Бакаловци, па дошле со чун, па го однесле Лин, то е едно албанско село па се вратиле назад. За Џоџета (за песната „Бог да бие, Русе, твојта мајка“). Џоџе си бил така, малку шеговит, како да речит чоек. Џоџе се шетал со кајчето, а Руса од Банџовци седела на мост. Тој чун че земел ама чун да управљаш требит четворица. Џоџе сам и к’рмел и веслал и така да ојт да е видит убавицата покрај езерото тука, и тој сам си пеел за нејзе, „сам си веслат Џоџе, / сам си примат, / песма пејт / све за тебе“. Сакам да речам додека јас не навлезеф во историјатот како е настаната та песма уопште не влегвеше во репертоарот и не е снимафме. А за Фросина, за Фросина сум биден дури Јанина. Пошчо Фросина беше од Јанина, постојт една ваква легенда: Фросина била мома убава, мажена за некој богаташ од Јанина. Меѓутоа, таму бил Али-паша Јанински. Син му се заљубвит во Фросина и је присиљвит, Турците беа на власт, тије командуваа, тие праеја и под присилба е присиљвет Фросина да одит со син му на Али-паша Јанински. Тој толку се заљубил во нејзе, шо го земат прстенот од мајка му, венчалниот прстен од мајка му, и е го дават како поклон на Фросина. М’ж је од Фросина, фамилијава, сакет да му кажет на бегов да го сопрет, да го заприт синов да не ојт ваму, таму, тој не вервал. Меѓуто, му го дале прстенот од жена му и тој кога го видел прстенот од жена му, наредил Фросина да е удает во Јанина, оту таму имат езеро исто как’ шо имат и овдека. Кога разбрала Фросина, е казале, кога разбрала оту сакает да е удает, Фросина избегала во Охрид и зато е настаната онаа песна „Фросино моме убаво, /скри си го белото лице…“ и такви некој работи. Фросина доваѓат во Охрид и е мажена за еден охриѓанец. Така е настанала та песна „Фросина…“ Од Зарчета рекофме песмава. Тој бил Никола ама девојкава била таксана за други и не кандисвела за него. И тога решил да е грабит. Кога разбрала ова дека ќе е грабит, избегала до Б’к’лов Мост. Б’к’ловци се горе, над летното кино сега. И Никола решил да е грабит. И повикал еден чун, во чунот биле, шо пејме во песмата се спомвет „со дебрани и мокрани“, а се знајт дека дебраните биле чувари на езерото и мокрани и слегле полу Подкади со чунот, а два три души се качиле горе да е грабет и да е носет Лин. Меѓуто, во песмата се пејт, му велит внуката на војкото: …„подај ми го шејшането,/ ти ќе полниш, јас ќе фрљам…“ Фактички биле две шејшанина, едното се полнит, другото пукат. И со первата пушка кога пукнала, го ранила и оттука го зеле Никола од Зарчета в чун, со чун го однесле Лин. Лин, Никола седел пет-шес месеци додека заздравил и така се вратил назад. Сакам да кажам, една песна охридска, то е едно дејствие.

ohrid 5

Песмата „Ќе се грчам, ќе се турчам, ќе го земам Осман бегот…“ (се работи за песната „Ја излези стара мајко на пенџерето“) е настаната ќе Тасевци овдека, над Сараишче, на улицата „Самоилова“. Тој Осман-бег оттука поминувал со којн бел и одел горе Имарет. Ама бил ногу убав и којнот бел и ко ќе идал оддалеку се слушало касајнето, идајнето на којнот. И ко ќе излезела на пенџера, та била исто ногу убава и ќе го гледала и ќе го гледала кај шо тој варвит од куќата горе. Ко ќе се врашчал, пак излеглвела на пенџерето да го гледат. И је велит на мајка је: „Ја излези стара мајко на пенџерето/ па да видиш кој помина /ми помина Осман бегот, мила мајче ле…“ После пејт „Ќе се грчам, ќе се турчам ќе го земам Осман бег…“ и така натаму. „Ќе ме носит на Сараишче“, а не „ќе ме носит Свети Наум“, тука е Сараишче, а Сараишче имаше кајчина и све то „ќе ме шетат со кајчето, мила мајче ле…“ И то на крајот мајка е је велит: „Немој ќерко, некој душо, / тој е Турчин верба немат,/ каурка не земат“. Ето така, та песма во малава наша е настаната.
Јас имам испеано песми за охридските војводи: Васил Чакаларов, тој не е охридски, за Методи Патчев, Христо Узунов, Аргир Маринче и многу други песми, ама јас сум бил во прилепското село к’де е загинат Методи Патче па сум бил на гробот на Христо Узунов во Цер. Сакам да речем додека не е знаеф историјата на тој војвода како е, шо е, како се бијал, со кого се бијал, з’шо како уопште не снимаф песна. Имав една песна за Васил Чакаларов к’јојдоф дури Клисура, а Клисура то е во Егејска Македонија. Пример, јас имам две песни за Лазар Поп Трајков, поправо три „Народе македонски“ и песмата за Чакаларов. Тие биле големи војводи. Сакам да речам ногу тешко се имаме пробивано во тие песни, зашчо охриѓани немаше ногу стари, некоја знајт два реда некоја знајт три реда, така сме ги снимале песните и сме напрајле една комплет песна, и така сме го стварале тој репертоар.
Сум трагал за песната „Народе македонски“. Сум е вртел цела Преспа одозгора од Лерин десно, па ко ќе одиш за Костур, тука се Загоричани, кое три пати е изгорено. Песнава „Народе македонски“ е настаната во Загоричани, кога го земат, кога го фашчет војводата Марко Лерински тој е војвода наш, и го носет Лерин; пред да го бесат му наместиле столица, а во то село Загоричани имало леарница за бомби за време на Илинденското востание три пати е изгорено то село, сакам да кажам го носет во Лерин му клавет столица и последниот збор да го кажит, тој наместо да кажи последен збор ја испеват песмава „Народе македонски“ и по мене така е настаната песната „Народе македонски“. Го барат тука, му кажвит на народот да се не плашит од Каравангелис тој грчкиот владика кој бил за Македонците страх и трепет, во вреќи од компири ги носел главите на македонските војводи. И кога му наместиле во Лерин, народ се собрало ногу, кога му наместиле столица и горе бесилка за да го бесет, му давет да кажит последен збор и тој наместо да кажит последен збор е испеват песнава „Народе македонски, со какви идеи си ти“ и такви некој работи. Така е по мене, како шо сум барал по стари љуѓе низ Загоричани, настанала песната.

(К. Поп Стефанија, 1935)

Од книгата „Така се зборува во Охрид“ приредиле Лилјана Гушевска и Лилјана Минова-Ѓуркова, Скопје 1999.

Извор: Фесјбук група ОХРИД КОЈ ВЕЌЕ ГО НЕМА 

Посетеност: 172
Share
Previous Post

Падна првиот снег на Галичица оваа сезона

Next Post

Четкар меѓу најдобрите за 2015 според Soul Brother Records од Лондон

Next Post

Четкар меѓу најдобрите за 2015 според Soul Brother Records од Лондон

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 172

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk