Локалниот лајонс клуб „Лихидос“ од Охрид и фирмата „Комфи Ангел“ од Прилеп на иницијатива на проф. д-р Зоран Тунтев денеска донираа вкупно 15 000 заштитни медицински маски во 8 основни училишта, во Музичкото училиште во Дневниот центар „Зраци“ и центарот „Во мојот свет“ сите во Охрид.
– Не застануваме на ова, утре 1500 маски ќе донираме за ОУ „Дебрца“ и децата од оваа општина заслужуваат да бидат заштитени од Ковид -19.
Тоа е наша благодарност за нивната пожртвуваност и вклученост заедно со тамошната локална самоуправа во хуманитарните активности за финансиска помош при лекувањето на девојчето Сара и многу други деца, додава д-р Тунтев.
Покрај маските на Центарот за сензорна терапија „Во мојот свет“ Лајонсите од Охрид им подарија и лаптоп.
Публицитет.мк