• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, август 23, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

Лауреатот на СВП, кинескиот поет Беи Дао пристигна во Струга

август 25, 2015
in Актуелно

Лауреатот на СВП, кинескиот поет Беи Дао пристигна во СтругаДобитникот на „Златниот венец“ на 54те Струшки вечери на поезијата кинескиот поет Беи Дао претпладнево пристигна во Струга.

Беи Дао, кој во 2003 година беше учесник на Фестивалот, изрази задоволство што годинава учествува како лауреат на највисокото фестивалско признание, но и што ќе има повторно можност да се сретне со големи поетски имиња од целиот свет.

–          Дефинитивно наградата е многу важна за мене, но многу поважен е поетскиот фестивал кој продолжува да влијае и да ги оформува луѓето. Ова ееден од најстарите поетски фестивали во светот, изјави Беи Дао по пристигнувањето во Струга, изненаден дека, како што рече, толку мала држава може да има толку големо и длабоко влијание во светската поезија.

Беи Дао утрово пристигна на скопскиот аеродром „Александар Велики“, каде беше пречекан од раководството на Струшките вечери на поезијата, директорот Мите Стефоски и претседателот на Управниот одбор Славе Ѓорѓо Димоски.

poet

Освен добитникот на „Златниот венец“ во Струга пристигнаа и Хасан Зактан од Палестина и Јусеф Комуњака од САД.

Официјалната фестивалска програма почнува утре со традиционалното засадување дрвце и поетско читање во Паркот на поезијата, во чест на лауреатот. Пред платото на Домот на поезијата вечерта покрај традиционалното читање на Константиновата “Т`га за југ” годинава поетско послание ќе има познатиот сириско-либански поет со светска слава Адонис, кој ќе се обрати во име на сите поети учесници и лауреати на Златниот венец кој годинава одблежува 50 години.

Годинашните Струшки вечери на поезијата ќе бидат во чест на 50 години од востановувањето на највисокото признание „Златниот венец“, кое секоја година го добиваат поети со .високи поетски достигнувања.

                                                      poet 1

Покрај вообичаените поетски читања во Струга и Охрид, годинава прв пат учесниците ќе имаат можност својата поезија да ја претстават истовремено на настани во Ресен, Битола и Скопје. На фстивалот ќе учествуваат 44 поети од 29 земји. Присутни ќе бидат имињавосовремениотпоетскисветодШпанија, Шведска, Индија, Германија, Норвешка, Австралија, Чиле, Јапонија, Израел, Словачка, Русија, САД, Либан, Мексико, Молдавија… Покрај годинашниот лауреат, кинескиот поет Беи Дао, меѓу учесниците се и Јусуф Комуњака од САД -добитникнаПулицерованаграда и Адонис, кој е лауреатна СВП од 1997.

Новина годинава се и поетските портрети, каде неколку значајни имиња ќе се претстават со поетско читање, но и со нивно претставување.

Традиционално на затворањето на манифестацијата „Мостови“ ќе бидат врачени наградите „Златен венец“ на кинескиот лауреат Беи Дао, „Мостови на Струга“ – за дебитантска поетска книга на млад странски автор на Паула Бозалонго од Шпанија и на македонскиот поет кој ќе ја добие наградата „Браќа Миладиновци“.

Извор:СВП 

Посетеност: 99
Share
Previous Post

Четкар најави нова свирка во „Аквариус“ – Охрид

Next Post

Жармена втора на поп вечерта oд „Охрид фест-2015“

Next Post

Жармена втора на поп вечерта oд „Охрид фест-2015“

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 99

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk